Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 32 степенa.
Најмногу дожд вчера наврнало во Охрид шест литри на метар квадратен.
Под влијание на влажен бран во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м2) и значителен пад на температурата. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, појава на град и засилен ветер. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, а од понеделник ќе биде постабилно со постепен пораст на дневните температури.
