Поради долготрајната суша и како последна мерка пред построга редукција на водата, општините на словенечкото крајбрежје забранија наводнување на јавните зелени површини и го оневозможија туширањето на плажите, пишува Index.hr.
Градоначалниците на четири крајбрежни словенечки општини, од кои најголема е Копер, најавија дека моменталната состојба со водните резерви е критична и затоа одлучиле да ги затворат сите системи за наводнување на зелените јавни површини, на сите плажи се исклучени тушевите, како и фонтаните и чешмите на јавните места.
Забрането е полевање на приватните дворови и миење автомобили, пишува Index.hr, а автомобили може да ги перат само оние автоперални кои користат рециклирана вода.
Исто така, на комуналните служби им било наредено да ја намалат количината на вода за полевање дрвја и јавни површини под цвеќиња, а во јавните тоалети биле поставени предупредувања со повици за заштеда на вода.
Овој портал пишува дека е забрането и полнење на базените, а се повикуваат хотелите и оние кои се занимаваат со приватно туристичко сместување да ги информираат своите гости за состојбата со водата и да побараат од нив да ја штедат водата.
Според словенечките медиуми, ваква долготрајна суша во оваа област не се памети од 2012 година.
Големиот недостиг на вода ќе се избегне само со доследно почитување на горенаведените мерки и со што поголема заштеда, предупредија општинските власти во овој дел на Словенија“, велат од Index.hr.
Во Словенија воведени мерки поради сушата: Се намалуваат количините на вода за полевање дрвја и јавни површини под цвеќиња
Остави коментар
Остави коментар
