Во Македонска Каменица беше спроведена еко акција за чистење на јавните простори. Акцијата ја реализираа екипи од ЈП „Камена Река” задолжени за одржување на јавната чистота и зеленило.

-Со редовната еко акција за чистење беа опфатени повеќе јавни простори од кои најголем дел во приградските средини, предвидени за одмор, разонода и релаксација на граѓаните, истакнаа од претпријатието.

Од ЈП „Камена Река” апелираат граѓаните совесно да ја користат урбаната опрема.

Претходно екипи на претпријатието извршија партерно уредување на јавни простори на повеќе локации во градот.






