Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонското масло од афион се најде на американскиот пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Македонското масло од афион се најде на американскиот пазар
Магазин

Македонското масло од афион се најде на американскиот пазар

Објавено 04/07/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите количини од екструдираното ладно цедено масло од бел афион на компанијата Биооил се извезоа на американскиот пазар. За почетокот станува збор за помали количини, но факт е дека овој квалитетен производ со своите бројни здравствени придобивки го привлече вниманието и се очекува во иднина поголем пласман. Тоа би значело голем поттик за поголемо производство на овој производ, мотив за уште поголеми насади со афион во нашата земја. Во моментов Биоил маслото од афион се добива од радовишки афион, кој важи за исклучително квалитетот и еден од најдобриот на светско ниво.

Афионовото масло е исклучително баран производ на светско ниво, се произведува во лимитирани количини а цената на светскиот пазар е исклучително висока.

Маслото од афион е богато со омега 6 и омега 9 незаситени масни киселини. Богато е со фосфор, магнезиум, калиум и железо. Помага при лекување на тромбоза и емболија, антиканцерогено дејство, го нормализира нивото на холестерол во крвта, ја зголемува моќта на концентрација, ги зајакнува нервите, ја смирува болката и ги релаксира мускулите. Го забавува стареењето на организмот. Помага во развојот и заштитата на коските, тоа е природен еликсир за остеопороза. Го нормализира нивото на холестерол во крвта. Го зајакнува одбранбениот механизам на телото.
Нутриционистите препорачуваат масло од афион поради неговите бројни придобивки. Како прво ја ублажува кашлицата; делува како пилула за спиење; помага да се решат нервните тензии; ја зголемува заштитната функција во борбата против разни инфекции; го намалува ризикот од формирање и напредување на клетките на ракот; се смета за одличен лек за дијареа и дизентерија; грчеви и воспаленија. Афионот е природен извор на калциум кој лесно се асимилира од телото.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:биооилмасло од афион
Претходен напис Житото се жнее низ Овче Поле, откупната цена на лебното зрно сè уште не е дефинирана
Следен напис (ФОТО) Жетва на лавандата на висорамнината Витачево, на плантажата на хуманата невладина активистка Цветанка Колева
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?