Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Имаме Национален план за храна, ги зголемуваме површините за стратешки земјоделски култури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Имаме Национален план за храна, ги зголемуваме површините за стратешки земјоделски култури
Агровести

Ковачевски: Имаме Национален план за храна, ги зголемуваме површините за стратешки земјоделски култури

Објавено 29/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во одговор на пратеничко прашање во собранието истакна дека во изминатиот период енергијата во министерството за земјоделството беше насочена кон производството на храна и затоа беше донесен национален план за храна кој што содржи мерки кои поддржуваат стратешки производи, односно пченица, пченка, сончоглед, месо.

Интервентниот фонд е 400 милиони денари, а беше зголемен за дополнителни 500 милиони денари и во него покрај тоа што е опфатено субвенционирањето за овие стратешки производи вклучено е и зголемување на субвенциите согласно зголеменото производство, како и субвенционирање на цената на нафтата, истакна Ковачевски.

Тој нагласи дека со ребалансот на буџетот се обезбедени дополнителни 500 милиони денари за зголемување на производството и активирање на овој план за производство.

Беа распишани и наддавања за доделување на земјоделско земјиште на земјоделците за производство на вакви стратешки култури. И затоа денес веќе имаме доделено 5000 хектари за производство на пченка, пчаница и други стратешки култури на кои што на големо задоволство се пријавија над 230 земјоделци за производство на овие култури, нагласи Ковачевски, додавајќи дека дополнително бил отворен тендер за дополнителни 4000 хектари кој што исто така е во фаза на реализација.

 Во врска со субвенциите претседателот Ковачевскии нагласи дека беа исплатени субвенциите на 17,000 тутунари, за жал со задоцнување поради неодговорното однесување на опозицијата која што неколку месеци го блокираа законот.

Откако тоа се донесе субвенциите на тутунарите се исплатени, исто така се смени и начинот на исплата на субвенциите за овоштарите, каде за прв пат имаме авансна исплата на субвенциите тогаш кога најмногу им треба и овој начин на исплата ќе биде предложен и веројатно усогласен и да биде и предложен за останатите култури, нагласи Ковачевски.

Она што можам да ги уверам сите граѓани особено оние што се занимаваат со земјоделско призводство е дека субвенциите ќе бидат исплаќани навремено и ќе бидат исплаќани во суми кои ќе им обезбедуваат стабилно производство на земјоделските култури кои на нас ни се и те како потребни во услови на оваа голема криза, порача претседателот Ковачевски.

Тој нагласи дека министерството за економија од прв ден со таргетирани мерки успеа да спречи зголемување на цените на прехрамбените производи и исто така веќе е во процедура закон за заштита на потрошувачите,

Неколку пати го осудивме непазарното и неетичкото однесување на еден дел од трговците на големо и мало кои сакаа да профитираат во услови на растечка инфлација и сакам да се заблагодарам и на УЈП и ДПИ кои навистина неселективно и кои врз основа сите нивни надлежности деноноќно работеа за да може да се обезбеди граѓаните да имаат рамноправен третман во услови на криза и да не се дозволи некој на грбот на граѓаните да остварува екстра профити, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од собраниската говориница.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ковачевскикултури
Претходен напис Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бензините остануваат исти
Следен напис Водите од Липково и Глажња ги задоволуваат критериумите, покажа извештајот на Хидробиолошкиот завод од Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?