Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка
Агровести

Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носењето на одлуки и распределба на финансиската поддршка

Објавено 28/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вистинската грижа за земјоделците подразбира изнаоѓање на решенија за нивните проблеми, а најдобрите решенија се оние кои се подготвени заедно со земјоделците, слушајќи ги нивните маки и нивните предлози. Токму вака креираните мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе го даваат вистинскиот ефект и резултати, соопштија од МЗШВ.

– Кога го подготвуваме Националниот план за производство на храна отворивме широк консултативен процес, односно ги слушавме потребите и предлозите на земјоделците и стручната јавност. Се водевме од тоа да изнајдеме решение и да креираме мерка за секое барање и проблем кој тие го посочија. Така се подготви Националниот план, така се креираа мерките од Интервентниот фонд и затоа ефектот од овие мерки е толку голем, односно се соочуваме со рекорден интерес и апликации. Токму затоа можеме да очекуваме дури и во услови на светска криза, стабилно домашно производство на храна, но и зголемени приноси во клучните земјоделски гранки, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Сите мерки по завршување на широкиот консултативен процес, досега се подготвуваа во соработка со потсекторските групи во рамки на Министерството, а во кои членуваат претставници на земјоделците и земјоделските стопанства. Еден од позитивните примери за ваквата соработка е поддршката за набавка на специјализирани комбајни за ориз и мобилни сушари за ориз, но и неодамнешното зголемување на грантот за поддршка на руралната жена од 3.000 на 6.000 евра, мерки кои се воведени по барање на земјоделците за олеснување и развој на земјоделското производство, информираа од МЗШВ.

Со цел поголема улога на земјоделците во носењето на одлуки и креирање на мерки за финансиска поддршка повторно е формиран националниот Агро Советот, односно Советот за земјоделство и рурален развој. Со Советот, како што посочуваат од МЗШВ, раководи министерот за земјоделство, а во него членуваат претставници на земјоделците, земјоделските стопанства, земјоделските здруженија, стопанските комори, универзитетите и претседателите на потсекторските работни групи.

– Повторното активирање на овој Совет дава уште поголема шанса на земјоделците за директно учество во креирање на политиките и мерките на министерството. Земјоделците имаат можност да одлучат за што и како ќе се распределат средствата на министерството на транспарентен и отворен начин, посочи Николовски.

Советот за земјоделство и рурален развој ќе ја одржи својата конститутивна седница во првата половина од јули, информираат од МЗШВ. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агро СоветНиколовскифинансиската поддршка
Претходен напис Македонски семејни дестилерии со повеќе златни медали на меѓународен фестивал на ракија
Следен напис Денеска ќе биде сончево и топло, попладне со умерена локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?