Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците
Агровести

МЗШВ: Го поттикнуваме домашното производство на храна – Само неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците

Објавено 28/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на светска криза која директно ја погодува и нашата земја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) навремено креираше мерки за поддршка на земјоделците во широк консултативен процес со земјоделците, нивните здруженија и земјоделските експерти.

Како резултат на тоа, во текот на месец април 2022 година од страна на Владата беше усвоен и Националниот план за производство на храна. Како еден дел од овој План се обезбедени 400 милиони денари финансиска поддршка преку Интервентниот фонд за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, поддршка за сточарите и живинарскиот сектор.

Преку посебен модул се овозможија услови за брзо собирање и обработка на апликациите и брза исплата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. За таа цел, а врз основа на пристигнатите апликации, во текот на вчерашниот ден се извршени следните исплати на финансиска поддршка:

22.4 милиони денари финансиска поддршка за 1.538 земјоделци за набавка на вештачки ѓубрива. Вкупно до сега за поддршка на земјоделците при набавка на вештачко ѓубриво е исплатена финансиска поддршка во износ од 49,4 милиони денари до 3.288 земјоделци кои аплицирале за оваа мерка.

78.3 милиони денари финансиска поддршка за 223 земјоделци-апликанти за одгледани и заклани гоеници кои се предадени во регистрирани кланични капацитети.

671.000 денари финансиска поддршка за 9 производители на конзумни јајца за одгледување на кокошки несилки.

„МЗШВ останува целосно посветено на земјоделието и да ва поддршка за секој земјоделец. Отворени сме како и досега за сите сугестии, предлози и барања на земјоделците, здруженијата и земјоделските експерти и на тој начин креираме мерки за стабилизирање на домашното производство и обезбедување на храна за сите граѓани. Во тек на реализација се и нови мерки, односно веднаш по усвојувањето на ребалансот на Буџетот за 2022 година се обезбедени дополнителни 500 милиони денари средства во Интервентниот фонд со кои ќе ги поддржиме земјоделците со конкретни мерки и во есенската сеидба. Ги повикуваме сите да ни се приклучат со свој придонес бидејќи Националниот план, односно растот на домашното производство на храна е врвен приоритет за секој наш граѓанин и целата земја“, се вели во соопштението од МЗШВ.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделцитемзшвподдршкахрана
Претходен напис Совети за заштита од оси лете
Следен напис Не очекуваат високи температури до крајот на неделава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?