За земјоделците овој период одмор нема. Родот полека стасува, бербата на овошките, тутунот и градинарските култури е во тек.
И додека на социјалните мрежи доминираат слики од сонце, море и плажа, нашите вредни земјоделци им парираат со берба, сортираат, редат во гајби, го прибираат родот. Има и работа и дружење, дегустација на вкусни производи но најмногу надеж за добар пласман и поголема заработка.
А потоа, се знае…одмор и за нив!











Фотографијата ја позајмивме од Фејсбук страната на Кози Млеко Планина со следниот опис:
Над Брегалница, реката во која се крунисувале кралеви и цареви, на штипскиот Исар, на местото на соколите. Е во таков амбиент имав привилегија да уживам во сезоната на кајсиите, раштевската Калеш Мара и ризлингот на локалната семејна винарија Винарија Киево .
