Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежната агенција најави дека во јули ќе објави Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Платежната агенција најави дека во јули ќе објави Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата
АгровестиЈавни огласи и повициФондови

Платежната агенција најави дека во јули ќе објави Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата

Објавено 18/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец јули 2022 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој
на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).
Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку содветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните
средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од јули 2022 година се наменети за поддршка на сите сектори од мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Прифатливи за кофинансирање ќе бидат трошоците за набавка на опрема и услуги со исклучок на трошоците за градежни работи.

За инвестиции за “Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори“
поставувањето/инсталирање на фотонапонски панели ќе биде прифатлив трошок. Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, “Решението за поставување на фото-напонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1MW“ барателите ќе мора да го достават при самото аплицирање.
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови.

Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Со оглед на специфичноста на јавниот повик поради временската рамка за реализација на активностите од ИПАРД Програмата 2014-2020, ги известуваме сите заинтересирани потенцијални корисници дека крајниот рок за реализација на инвестиции кои ќе бидат кофинансирани со овој Јавен повик e 30.05.2023 година, а рокот за поднесување на барањата за исплата е 30.06.2023 година.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.
НАПОМЕНА: Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатството за корисниците на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маректинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на
Јавниот повик.

Доколку имате и вие конкретни прашања можете да ни пишете во коментар или на Е-пошта: info@agrotim.mk и ќе добиете одговор на сите ваши дилеми, телефон 071 225 345.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:ИпардМерка 3Најава
Претходен напис СОКОТЕРА Битола – Нова можност за Македонското земјоделство
Следен напис Набавката на опрема за производство на енергија од обновливи извори(инсталирање на фотонапонски панели) – прифатлива инвестиција во Мерка 3 од ИПАРД програмата!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?