Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тиквеш“ доби три награди на Софискиот балкански вински фестивал
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тиквеш“ доби три награди на Софискиот балкански вински фестивал
Агровести

„Тиквеш“ доби три награди на Софискиот балкански вински фестивал

Објавено 17/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во конкуренција меѓу 280 винарии, производители и увозници на вино од сите балкански земји, „Тиквеш“ доби три награди на 11. Балкански вински фестивал, јави дописникот на МИА од Софија. Признанијата ги доби во категоријата Најдобро суво вино/Балкан Шоу.

Радош Вукичевиќ, извршен директор на Тиквеш, за МИА во Софија изјави дека форумот е многу добра платформа за позитивна конкуренција меѓу балканските производители, извозници и трговци со вино. „Тиквеш“  на бугарскиот пазар продава 500.000 литри ракија и вино и има удел од 1 милион евра.

Потрошувачката на вината на „Тиквеш“ во Бугарија расте и тие добиваат многу добра препознатливост на локалниот пазар. Македонската компанија планира да го прошири своето претставништво во Бугарија, но „Тиквеш“ бара и соработка со локални бугарски винарии, стратешки партнерства или потенцијални аквизиции кои имаат лозови насади со многу сериозен потенцијал.

Бугарија има потенцијал да привлече многу од производите на „Тиквеш“ бидејќи, според Вукчевиќ, е најголем на Балканот. Бугарија и Хрватска имаат најголеми пазари и заедно се за два и пол пати поголеми од Србија.

Иако македонската компанија на бугарскиот пазар е присутна повеќе од 10 години извршниот директор на компанијата смета дека тие се на самиот почеток на развојот. Тиквеш произведува 18 милиони литри алкохол годишно или нешто повеќе од 20 милиони шишиња и е најголем производител на ракија. Компанијата е најголем производител во Југоисточна Европа.

Директорката на фестивалот и претседател на бугарската асоцијација на извозници на вино Галина Нифору рече дека настанот е особено вреден затоа што ги зближува луѓето на Балканот, бидејќи за нив виното е мост на пријателство. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вински фестивалТиквеш
Претходен напис Дванаесет награди за „Тиквешки семејни винарии” на Балканскиот интернационален натпревар за вино
Следен напис Последните врнежи го задржаа доброто ниво на вода во акумулациите во Струмичко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?