Компанијата „Uni Parts“ е најновиот соработник на Агротим во делот на земјоделската механизација. Производите кои ги нудат се наменети за земјоделците и агробизнисмените на кои им е јасно дека без современа механизација нема конкурентно земјоделско производство и профит.

Дали се работи за механизација во полјоделството, градинарството или за послебербени активности, инвестирањето во нова, модерна механизација значи олеснување на работата, намалување на трошоците за производство и поквалитетет принос и род.

Сопственикот Дејан Ќурчиjевски и неговата ќерка Ева ни претставија дел од понудата за земјоделците – виљушкари, електрични виљушкари, натоварувачи и мини багери погодни за полјоделство и градинарство, на кои може да се прикачи дополнителна опрема за ископ, соларни фаталки за бали, виљушки за кревање товар и друга механизација без која не може да се замисли конкурентно производство.


„Uni Parts“ соработува со реномирани компании од Италија, Шпанија, Германија и Кореја, нуди механизација по најповолни цени на македонскиот пазар, како и во регионот, а има и сопствен сервис, располага со стручен кадар и технички погон кој дава услуга во тековното сервисирање и одржување на градежните и земјоделските машини.

Компанијата УниПАРТС ДС дооел се наоѓа во Индустриската зона Визбегово, располага со богато снабдена продавница на делови за градежни машини.

Палета на производи на Uni Pars ги опфаќа светски познатите компании и брендови во овој сектор, како што се: Komatsu, Caterpillar, Hitachi, Liebher, Volvo и многу други.

Располагаат и со магацински простор од кој продавницата секојдневно се снабдува со нови количества делови. Тимот кој се грижат за снабдување на магацинот и продавницата е во секојдневен контакт со нивните партнери во странство и директно со производителите на овие делови. Реномето што го изградиле во изминативе години, овозможува брзо и ефикасно да дојдат до било кој резервен дел и тоа во најкраток можен рок, по цени кои се конкуретни и поволни, како за нашиот, така и за глобалниот пазар.

Изложбениот салон работи секој ден од 8 до 16 часот.
Во салонот можете да добиете информации за деловите што ви се потребни, како и за можноста тие да бидат набавени доколку во моментот ги нема. Исто така, во нивниот сервис, кој се наоѓа во близина на салонот, можете да добиете информација и за условите под кои тие резервни делови можат да се вградат во вашите машини.


Преку видеа и друг промотивен материјал, во следниот период по детално ќе ве запознаме со производите на Uni Parts.
А за повеќе информации околу цени и други услови за набавка на следните контакти.
+3892 2600-232 ; +38975280-578 ;+38975330567
