Во Берово реализирана акција за чистење на вегетацијата и просторот околу водотеците, кои во изминатиот период беа зафатени од обилните дождови. Акцијата како што информираа од Општината се реализира со поддршка на Противпожарната бригада и Јавното претпријатие ,,Услуга“.
Во Берово реализирана акција за чистење на вегетацијата и просторот околу водотеците, кои во изминатиот период беа зафатени од обилните дождови. Акцијата како што информираа од Општината се реализира со поддршка на Противпожарната бригада и Јавното претпријатие ,,Услуга”.
– Исчистени се каналите на улиците во приградската населба „Којова Ливада“. Заради временските услови свежо окосената трева и вегетација во овој дел од градот не можела во моментот да ја собере и да ја блокира водата од дождовите, реагиравме со што целосно е исчистена тревата од свежиот искос околу патот, информираа од Општината.
Ваквите активности, како што додадоа ќе продолжат и во наредниот период.
– Со оваа акција на уредување на просторот преку искос на вегетацијата планираме да продолжиме и во иднина, додадоа од Општината нагласувајќи дека приоритет ќе им се даде на просторот во приградските населби.
