Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ
Агровести

Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Објавено 08/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иницијативата Отворен Балкан е можност за регионот да ја смени реалноста и да ги надмине предизвиците со коишто се соочува веќе многу години, да не речам децении.

Отворен Балкан може да биде и можност за забрзување на патот кон ЕУ. Ако работата ја завршиме добро ќе се забрза европската интеграција на регионот, изјави денеска во Охрид еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во обраќањето на Самитот Отворен Балкан, пренесува МИА.

Вархеји нагласи дека идејата за Отворен Балкан е осмислена од регионот и таа идеја е поддржана од Европската Унија.

– Го велам ова затоа што кога зборуваме за пристапување кон ЕУ, бракови или други симболи што се споменуваат, но најмногу во јавниот домен зборуваме за процеси. Зборуваме за преговарачки рамки, за нон-пејпери итн. Но, да бидам искрен со вас и веројатно не би требало да го кажам ова како комесар, но ова навистина не е интересно. Ова не е интересно за луѓето во Европа или за луѓето во Западен Балкан, затоа што сметам дека нивното главно прашање е кога ќе живееме како што живеат во Европа, кога ќе ги имаме истите можности економски општествено како што ги имаат луѓето во ЕУ и кога ќе дочекаме сите бариери да бидат отстранети меѓу ЕУ и Западен Балкан. Ова е вистинската интеграција, а вистинската интеграција започнува со економијата и започнува со општеството, порача Вархеји.

Еврокомесарот оцени дека без регионална соработка, економскиот инвестициски план на ЕУ нема да постигне многу затоа што нема поента да се поврзува капиталот на Западен Балкан со патишта и со железници ако камионите треба да сопираат на секоја граница и речиси секој доаѓа на половина час.

– Нема поента да зборуваме за пристапување кон ЕУ и за евроинтеграција на регионот доколку во самиот регион се уште треба да ви ја нострифицираат дипломата доколку сакате да работите во друга држава, а тоа би значело дека би требало да работите на еден час од местото на живеење. Не вреди ништо ако вашиот бизнис не може да тргува соодветно или ако не може да ги продава своите услуги во регионот затоа што според нашите проценки регионот може да создава една третина од својот БДП само преку економска интеграција. Регионот го има овој потенцијал и само регионот може да си ја испорача. Отворен Балкан треба да продолжи понатаму со потпишување договори што ги олеснуваат животите на луѓето, истакна Вархеји.

Посочи дека се додека се спроведуваат основните столбови и стратегии од агендата на ЕУ, Иницијативата може да продолжи да ги жнее економските и прогресивните резултати од нивната соработка.

– Затоа ве охрабрувам целосно да ги искористите постојните структури што ги поддржуваме, дали е тоа ЦЕФТА, дали е тоа Советот за регионална соработка затоа што знаење имаме, инфраструктура имаме, а мислам дека има и подготвеност да му се помогне на регионот да помине кон следното ниво. Сметам дека ова е многу позитивна иницијатива, дека ова е иднината која што може да биде создавана уште денес па затоа би требало целосно да ја искористиме, заклучи Вархеји во своето обраќање.

Во рамки на Самитот, што се одржува во Охрид, ќе бидат реализирани повеќе договорени соработки, со потпишување на конкретни меморандуми и договори за соработка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:open balkan
Претходен напис Николовски: Лидерите на „Отворен Балкан“ уште еднаш ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила помеѓу пријателските земји
Следен напис Органскиот путер со лешници од брендот ЗАУМ – Приказна која ја отсликува важноста на убавиот сплет на здравата храна, традицијата и семејството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?