Иницијативата Отворен Балкан претставува стабилен и развиен регион, кој во сите области го подобрува животот на граѓаните.
Лидерите на „Отворен Балкан“ уште еднаш ја потврдија заложбата за отворени граници, слободен проток на стоки, капитал и работна сила помеѓу пријателските земји.

Со оваа иницијатива ги унапредуваме процесите за регионална интеграција и воедно ги надминуваме современите предизвици пред кои моментално сме испречени.
Заедничката соработка и меѓусебната поддршка веќе ги даваат првите резултати. Тоа е мотив да продолжиме понатаму да ја зацврстуваме оваа иницијатива, отварајќи ги вратите за другите земји од Балканот да се приклучат кон неа.

Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски
