Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Ден на полето 2022“: Домашно производство на храна за заштита од недостиг и од високи цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Ден на полето 2022“: Домашно производство на храна за заштита од недостиг и од високи цени
Агровести

„Ден на полето 2022“: Домашно производство на храна за заштита од недостиг и од високи цени

Објавено 08/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во услови на криза која сериозно ги нарушува ланците на снабдување со основните прехранбени производи, негативно влијаат климатските промени и воениот конфликт, од исклучителна важност е домашното производство на храна, кое ќе овозможи достапност на потребните производи по најповолни цени. Ова го констатираа учесниците на традиционалниот настан „Ден на полето 2022“, кој се одржа во организација на компаниите „Клечовце“ и „Агростарт“ од Куманово.

Како што информира Сојузот на стопански комори на Македонија, на настанот учествуваше и претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и потпретседателот Горан Ѓорѓиевски. 

-Од фундаментално значење е да се даде сериозна поддршка на домашното производство на житарици, како основни прехранбени производи. Прогнозите и очекувањата за наредниот период не се воопшто позитивни, затоа е важно да се свртиме и да му дадеме значење на производството на храна за што имаме одлични предиспозиции. Исто така ние како Сојуз ја истакнуваме како важна и промоцијата на компании кои инвестираат во најсовремени технологии за производство на храна, во континуитет ги зголемуваат произведените количини и употребуваат најсовремена механизација, како и дигитализација, истакна претседателот на Сојузот, Ангелоски.  

„Ден на полето 2022“ е традиционална земјоделска манифестација за промоција и користење на сертифициран семенски материјал, а се одржа во кумановското село Новосељане. Цел на настанот е преку организирани активности да се влијае на промоција за земјоделското производство, како и да се добијат и споделат најнови информации околу користењето на сертифициран семенски материјал, на минерално ѓубриво, современа и прецизна механизација. 

-Со одбир на соодветните сорти на сертифициран семенски материјал, примена на современа агротехника, употреба на современи препарати од реномирани и докажани европски производители и современи механизација, го правиме вистинскиот избор. Нашиот успех го препознаа и индивидуалните земјоделски производители, коишто покрај минeралните ѓубрива, на наше големо задоволство, почнуваат се повеќе да го употребуваат  и нашиот сертифициран семенски материјал, истакна  Бубе Трајковски, сопственик на ТД ДЗП „Клечовце“, кој е организатор на манифестацијата. Тој потенцираше дека со макотрпна работа, целосна посветеност, следење на светските трендови и употреба на науката, успехот е сигурен. 

Од компанијата најавуваат дека од оваа година ќе почнат да користат автоматска навигација за управување на трактори со која ќе се управува ѓубрерастурачот врз база на претходно направени мапи со GPS координати, што ќе овозможи процесот да биде целосно автоматизиран.

На „Ден на полето 2022“ се обратија и деканите на земјоделските факултети од Скопје и од Штип, Вјекослав Танасковиќ и Љупчо Михајлов кои со присутните споделија најнови сознанија за унапредување на производството на житарки и уште еднаш ја потенцираа важноста на поддршката за домашното производство на храна.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:високи цениен на полето 2022храна
Претходен напис ​Средба Деспотовски Бартон – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Следен напис Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси три илјади денари во однос на јануари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?