Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 % за годинава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 % за годинава
Агровести

Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 % за годинава

Објавено 08/06/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светска банка предвидува раст на бруто домашниот производ на Македонија од 2,7 проценти годинава и 3,1 отсто во 2023 година.

Светска банка, во јунскиот извештај за глобалните економски изгледи, ги намалува претходните економски проекции за земјава, годинава за 1.0 отсто, а за 2023 за 0.3 проценти.

Економскиот раст во 2024, според проекциите на СБ, ќе достигне 3,2 отсто.

Прогнозата за глобалниот раст за 2022, пак, е намалена за речиси третина, на 2,9 отсто. Главни причини за тоа се рускиот напад врз Украина и штетите предизвикана од пандемијата Ковид-19, кои придонесоа многу земји сега да се соочуваат со рецесија.

Војната во Украина ја забави глобалната економија, која сега влегува во период на слаб раст и растечка инфлација, со можност за натамошно влошување.

Претседателот на Светска банка Дејвид Малпас предупреди дека глобалниот раст годинава би можел да падне на 2,1 отсто, во 2023 година на само 1,5 проценти.

Малпас посочи дека глобалниот раст е попречен од војната, новите ковид локдаун мерки во Кина, прекините во синџирите на снабдување и растечкиот ризик од стагфлација, односно периодот на слаб раст и висока инфлација, кој последен пат е забележан во 70-тите години од минатиот век.

– Денес постои висок ризик од стагфлација. Бавниот раст веројатно ќе трае цела деценија поради слабите инвестиции во поголемиот дел од светот. Имајќи предвид дека инфлацијата сега е на повеќедецениско високо ниво во многу земји и се очекува понудата да расте бавно, постои ризик инфлацијата да остане висока подолг период, вели Малпас.

Светска банка предвидува дека темпото на глобалниот раст меѓу 2021 и 2024 година ќе забави за 2,7 процентни поени, што е повеќе од двојно од забавувањето забележано помеѓу 1976 и 1979 година.

Во извештајот, исто така, се предупредува дека зголемувањето на каматните стапки за да се стави инфлацијата под контрола кон крајот на 1970-тите беше толку големо што предизвика глобална рецесија во 1982 година и серија финансиски кризи на пазарите и во економиите во развој.

Постои реална опасност дека заострувањето на финансиски услови побрзо од очекуваното, би можело да турне некои земји во должничка криза како што беше во осумдесетите години, предупредува Светска банка.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:светска банка
Претходен напис Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто
Следен напис ​Средба Деспотовски Бартон – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?