Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто
Агровести

Бизнисот бара итни мерки за помош, инфлацијата на ниво од 11,9 отсто

Објавено 08/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Државата веднаш да преземе мерки за пресретнување на евентуална ескалација на состојбите што би можело да се случат следната зима, апелираа вчера од Стопанската комора на Северна Македонија, од каде побараа штедење особено на електричната енергија и од државата, граѓаните и од компаниите. Во меѓувреме, Државниот завод за статистика објави дека инфлацијата во мај достигна 11,9 отсто, а од Владата најавија одлука за евентуална интеревенција кај цените до крајот на неделава. Со ребалансот на Буџетот се очекуваат нови мерки за поддршка на најпогодените категории граѓани.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески предупреди дека економската активност може да биде погодена многу и оти може да дојде до затворање на компании и намалување на работни места.

Според него, државата е насочена да ги спасува граѓаните, но ако не се сфати дека е потребна и поддршка на компаниите и ако тоа не се случи, тогаш, како што рече, ќе има сериозни проблеми.

-Мора да се задржи економската активност затоа што без тоа, со затворање на капацитетите, ќе создадеме поголем гап кој во ваква неизвесност која претстои може да биде катастрофален. Државата треба да се одрече од некои комодитети веднаш и не треба да размислува за никакви алтернативи освен за запрегнување на ракавите и за фаќање во костец со проблемот, рече Азески во одговор на новинарско прашање.

Тој порача дека треба да се штеди и да се користат сите механизми за справување со состојбите, односно, како што рече, до пресретнување на ситацијата која може да ескалира со доаѓањето на зимата. Особено проблематичен, според него, може да биде порастот на цената на струјата која влијае на работата на компаниите.

-Ние имаме дефинирани предлози, бараме намалување на потрошувачката веднаш со директни акти на државата затоа што кај нас не може да се намали нешто со убедување. Државата да најде механизам да ја намали потрошувачката за 10 до 20 проценти, а да го зголеми нивото на производство на електрична енергија за 20 отсто. На таков начин би се створил гап од 40 проценти, кој би се употребил за некакво регулирање на цената на струјата што се испорачува кон фирмите, рече Азески.

Укажа и дека има сериозни индикации за невообичаени движења кај фирмите во делот на трансакциите, особено кај оние кои се занимаваат со трговија и оти е можно да има инфлаторен притисок од таа страна. Затоа, смета Азески, потребни се контроли кои ќе бидат во таа насока да се направи обид да се спречат определени процеси кои можат да влијаат на севкупната економија.

Државниот завод за статистика вчера објави дека трошоците на животот во мај годинава во однос на претходниот месец се зголемени за два, а цените на мало за 1,5 проценти. Во однос, пак, на мај лани трошоците на живот се поголеми за 11,9, а цените на мало за 12,1 отсто.

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 6,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 6,2 проценти, млекото за 5,4 проценти, лебот и житата за 3,7 проценти, кафето, чајот, какаото за 3,1 проценти, сирењето и урдата за 2,9 проценти…. Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај другите медицински производи за 19 проценти, услугите за сместување за 7,5 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 7,4 проценти,…

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:инфлацијацени
Претходен напис Времето денеска прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Светска банка ја ревидира проекцијата за растот на македонската економија на 2,7 % за годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?