Друштвото за заштита и проучување на птици од Србија веќе шеста година по ред го организира натпреварот „Домаќинство кое го избраа ластовиците“.
Селските ластовици се еден од весниците на пролетта, а домаќинствата во Србија каде што има барем едно гнездо, можат да се надеваат дека ластовичките ќе им донесат вредни награди.
Домаќинството со најмногу активни гнезда на селски ластовици и оваа година ќе биде наградено со победничко признание и еден тон пченка, а сите други домаќинства кои учествуваа на натпреварот добиваат шанса да добијат ваучер за купување овошни садници во вредност од 12.000 динари (околу 100 евра), пренесува Агросавјет.
