Цените на житарките останаа високи во текот на изминатата недела, а на пазарот се случуваа остри промени.
Сушата и топлотните бранови продолжуваат да ги погодуваат областите со жито, а рекордниот раст е забавен поради веста дека Русија, која очекува рекордна жетва, би можела да дозволи и извоз на жито од Украина.
Но, турбуленциите на пазарот се очекува да продолжат. Во моментов, секоја вест за промени поврзани со овој тип на стоки предизвикува промена. Пред две недели, цените на пченицата скокнаа на 444 евра, а новиот род се тргуваше по 415 евра за тон во петокот (27 мај), пренесе Агрархеуте.
Русија и Украина произведуваат околу една третина од светската пченица. Од една страна, Украина, која е главен извозник, се соочува со полни магацини, блокада на извозот, но и на производството. Русија, од друга страна, е под санкции и не може да продава жито без тешкотии поврзани со финансискиот и логистичкиот сектор.
Меѓународните организации стравуваат од сериозна криза која ќе ги погоди посиромашните земји од Африка и Блискиот Исток.
Во светло на преговорите со Русија и отворањето на црноморските пристаништа поради повторен извоз на украински житарки, светот очекува можен дипломатски договор.
Последица на недостатокот, особено на пченицата, е глобалниот заштитен рефлекс. Државите одлучија да го заштитат домашниот пазар со ограничување на трговијата со одредени основни прехранбени производи како што се житарките, маслото, брашното. Сите се обидуваат да ги надополнат залихите, но вредностите на светскиот пазар се толку високи што увозот е недостапен за многу земји.
Политичките преговори продолжуваат, а Русија покажа подготвеност да ги деблокира црноморските пристаништа во замена за намалување на санкциите и олеснување на трговијата, пред се со земјоделски производи и ѓубрива.
Сушата – голем проблем
Индија и Франција се погодени од топлотниот бран и недостатокот на влага во почвата. Индија е втор најголем производител на пченица во светот. По топлотниот бран и предвидувањата за намалени приноси, најави забрана за извоз, но подоцна ги дозволи договорените количини. Тоа доведе до силен скок, а потоа и до пад на нејзините цени на светскиот пазар.
Посевите во Франција исто така беа изложени на високи температури и недостаток на влага во почвата. Дождот што падна донесе олеснување, но се уште се најавува сушен период и горештини.
Приносот е под големо влијание на временските услови. Кина и Бразил потпишаа договор за одобрување на увоз на бразилска пченка.
Извор: Агроклуб
