Шеснаесет лица, сите од Прилеп, од кои 7 се малолетници, се приведени за пустошење на шуми во прилепско при вчерашната голема акција на полицијата. Акцијата беше на повеќе локации во месноста Борула, а е спроведена по оперативна акција “Гора” на СВР Битола – ОВР Прилеп – НККР, Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за специјални полициски операции, од СВР Велес како и со подршка и помош на ЈП „Национални шуми“ и на внатрешната контрола на Јавното претпријатие.
Приведени се прилепчаните со иницијали: И. А.(35), С. А.(58), А. З.(27) Д. А. (25), Н. М. (26), М. А.(24), А. А.(41), Ш. З.(41), П. К.(42), како и седум малолетници.

– Се пронајдени и се одземени шест патнички моторни возила, натоварени со дрва. Одземени се и шест моторни пили, 15 коњи и дрвна маса од околу 45 метри кубни, кои се предадени на шумочуварската служба при ЈП “Национални шуми”. По документирање на службениот материјал ќе биде поднесена кривична пријава до прилепското основно јавно обвинителство по член 226 “Пустошење на шуми“ од КЗ, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола на денешната прес-конференција во прилепската полиција.
Одземените дрва и возила се предадени на шумочуварската служба на „Национални шуми“, а одземените коњи на Агенцијата за одземен имот.
Од полицијата велат дека продолжуваат со континуирани акции за да се запре пустоѓењето на шумите.
Извор: МИА
