Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започна доизградбата на локалниот пат до планинското село Ума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Започна доизградбата на локалниот пат до планинското село Ума
Рурален Развој

Започна доизградбата на локалниот пат до планинското село Ума

Објавено 13/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започнаа градежните работи за доизградба на патот до Ума. Со доизградбата на преостанатите 800 метри од патот, целосно се заокружува оваа сообраќајница, од крстосницата на патот Гевгелија – Смрдлива Вода, па се до Ума.

Втората фаза од изградбата на овој пат се реализира во рамките на проектната програма на Југоисточниот плански регион, кој аплицираше кај Бирото за регионален развој. На почетокот на изведбените работи, градонaчалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека дел од делницата на патот до Ума беше асфалтиран во 2010 година, а со овој зафат целосно ќе биде асфалтиран патот до оваа населба. Со тоа, потенцираше Сарамандов, не само што ќе се подобри сообраќајната врска до Ума, туку ќе се создадат услови за побрз развој на руралниот туризам во ова населено место, кое располага со големи потенцијали.

May be an image of outdoors and text that says 'JCB'

По потпишувањето на договорот за реализација на проектот од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Aндон Сарамандов со Бирото за регионален развој во декември, минатата година, се интензивираа активностите за реализација на овој проект. Изградбата на последната делница од патот за Ума чини 6.700.000 денари, од кои средства од Бирото за регионален развој, преку проектната програма на Југоисточниот плански регион, се обезбедени 5.200.000 денари. Преостанатите 1.500.000 денари ќе бидат обезбедени од страна на Општина Гевгелија, како сопствено учество.

Од општината посочија дека поголемиот дел од патната делница до планинското село Ума била афалтирана во 2010 година и дека со овој зафат и по целосното асфалтирање на патот се очекува да се подобри сообраќајната врска со Гевгелија и да се создадат услови за побрз развој на руралниот туризам во селото кое раполага со голем потенцијал.

Изградбата на последната делница од локалниот пат до селото Ума ќе чини 6,7 милиони денари од кои 5,2 милиони денари ги обезбеди Бирото за регионален развој, а останатите 1,5 милиони денари ќе бидат сопствено учество на локалната самоуправа од Гевгелија.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:локалниот патсело Ума
Претходен напис Над 70 сантиметри повисок водостојот на Црн Дрим
Следен напис (ВИДЕО) Николовски: Инвестиравме многу во договорното производство и очекувам дека ќе имаме дуплирање на производството на сончоглед оваа година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?