Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра
Субвенции

Николовски: Историска поддршка за малите винарии, прифатено 61 барање за грантот до 10.000 евра

Објавено 09/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шеесет и една семејна винарија ќе добијат грантови од по до 10 илјади евра, изјавиво саботата министерот за земјоделство Љупчо Николовски на манифестацијата ,,Ден на станушината” во Кавадарци. Тој информираше дека сигнале 63 апликации, а интересот бил голем. Комисијата оценила дека 61 апликација се соодветни и комплетни.

– Иако на почетокот на годината имавме само пет милиони денари на оваа ставка или пет милиони денари како дел од оваа програма, кога го видовме интересот, ние бевме должни да обезбедиме дополнителни средства за да го завршиме успешно овој прв проект на поддршка, историска на малите винарии. Затоа како Министерството, со поддршка на МФ, направивме пренамена и обезбедивме дополнителни 30 милиони денари. Министерството во следните 14 дена ќе склучи договор и во следните 14 дена стопосто овие средства ќе бидат исплатени – нагласи министерот.

Тој појасни дека вкупно 34 милиони и 500 илјади денари ќе бидат исплатени во следните две недели.

May be an image of 2 people, people standing and indoor

– Верувам тоа ќе го зголеми капацитетот, тоа ќе донесе нова опрема, нови инвестиции, нови можности за овие винарии да бидат одличен пример за новите програми кои веќе со ребалансот на буџет ги добиваме. Тоа ќе биде продолжеток на оваа успешна приказна и на оваа успешна политика, дециден беше Николовски, осврнувајќи се и на програмите и законските измени кои беа направени, со цел олеснувања во овој сектор.

Честитајќи го денот на автохтоната македонска сорта на грозје, станушината, тој рече дека малите семејни винарии во иднина ќе бидат поддржани преку Програмата за рурален развој на Министерството.

– Има огромен интерес од малите семејни винарии за нивна поддршка од страна на државата. Ова со грантовите е една од мерките којашто ја анализираме во првите сто дена од оваа Влада, нагласи Николовски.

May be an image of 14 people, people standing, indoor and brick wall

Тој информираше дека завршува постапката пред Комисијата во Министерството, којашто ги оценува сите апликации пристигнати на повикот којшто беше распишан за поддршка на мали семејни винарии со грантови до 10 илјади евра, за опрема, за зголемување на производствените капацитети, за инвестиции. Тоа се средства коишто ќе ги добијат стопроцентно авансно.

Министерот рече дека во Здружението ,,Тиквешки семејни винарии” членуваат мали винарници од целата држава. Тој рече дека е ова успешна приказна.

May be an image of 11 people, people standing and indoor

– Со упорност и со поддршка на пратениците ги поминавме измените на Законот за вино, за да денеска имаме близу 100 барања од регистрирани капацитети коишто откупуваат, коишто прават, произведуваат од македонското грозје, убаво наше вино. Јас очекувам дека оваа година малите семејни винарии ќе откупат значителен дел на македонското грозје и нашата поддршка секако дека ќе продолжи. Не само измените во Законот за виното, се донесоа правилници за флексибилност, се иницираше преку пратениците и нови програми, како овие винарии да бидат поддржани на почетокот како старт ап, истакна министерот.

May be an image of 4 people, people standing and indoor

Манифестацијата ,,Ден на станушината”, автохтона македонска сорта на грозје ја организираат „Тиквешки семејни винарии” со поддршка на кавадаречката локална самоуправа.

Во рамки на посетата на Кавадарци, министерот ја посети и најстарата урбана винова лоза во државата, стара 120 години.

МИА

Може да ви се допадне

Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Исплатени 1 060 218 денари за оризова арпа од интервентен фонд
АФПЗРР: Исплатени 3 313 888 денари за складирање на пченица
МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Денеска се ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ за ОВЦИ за 2025 година
Таг:мали винарии
Претходен напис Најстарите вински убавици, две тиквешки лози, стари повеќе од два века
Следен напис Над 40 милиони евра влегуваат во државниот буџет од ТИРЗ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?