Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен Балкан: Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворен Балкан: Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!
Агровести

Отворен Балкан: Со идентификациски број – пристап до работа во три земји!

Објавено 06/05/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Привршуваат последните подготовки за добивање идентификациски броеви на „Отворен Балкан“, односно дозвола за работа без бариери во Албанија, Србија и Северна Македонија, пишува dw.com/mk.

Без никакви административни бариери граѓани на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да бараат работа и да се вработат во некоја од трите земји, со помош на идентификациски броеви што се предвидени со иницијативата „Отворен Балкан“.

Ваквиот слободен пристап до пазарот на трудот во земјите на „Отворен Балкан“ ќе биде овозможен со договорите што кон крајот на декември во Тирана ги потпишаа Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев за слободен пристап до пазарот на труд, односно за единствена работна дозвола за сите три земји.

Според оптимистички прогнози, првите идентификациски броеви се очекува да бидат издадени на крајот на мај или почетокот на јуни, што би значело дека уште ова лето може да има голема флуктуација на работна сила во трите земји.

Од домашните надлежни институции потврдуваат дека се работи на усогласување на техничките детали за оваа постапка. Како ќе изгледа таа повеќе информации даде советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија, Ненад Ѓурѓевиќ во гостување на РТС.

„Секој граѓанин кој сака да се вработи во една од овие три земји, преку порталот е-Управа ги внесува своите основни податоци: број на лична карта или пасош и други податоци кои потврдуваат дека се работи за таа личност. Преку тој портал добива идентификациски број на ‘Отворен Балкан’, со кој практично стекнува право да конкурира за работа во која било од овие три земји. Очекуваме и се надеваме, на следниот самит на ‘Отворен Балкан’ кој треба да биде во почетокот на јуни во Скопје, да се издадат тие идентификациски броеви, односно лични карти и да почне сезоната за нивна работа во трите држави“, вели Ѓурѓевиќ.

Постапката треба да биде усогласена во трите земји. Во моментов таа предничи во Србија, а истите технички карактеристики за подготвка на постапката се следат и во Албанија и Северна Македонија. Целта е да има унифициран пристап, но и достапни информации на четири јазици: македонски, албански, српски и англиски.

САД ја охрабруваат Црна Гора да се приклучи кон Отворен Балкан?

Иако беа поканети сите земји од западнобалканската шесторка, досега само три се во иницијативата „Отворен Балкан“. Регионални медиуми објавија дека САД во разговори со новата црногорска влада, наводно веќе го покренале прашањето за пристапување на Црна Гора во „Отворен Балкан“, бидејќи тоа го сметале за чекор кон стабилизирање на прозападниот курс на регионот. Од друга страна, како причини поради кои некои од земјите не се вклучија во иницијативата, беше наведувано токму спротивното – стравување дека зад инцијативата се доминантно српски интереси, а посредно и на нејзини антизападни пријатели.

Прочитајте повеќе на dw.com/mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:отворен балкан
Претходен напис Сончево и топло за викендот, во понеделник и вторник пороен дожд и грмежи
Следен напис МЗШВ: Поднесувањето барања за добивање финансиска поддршка е до 31.05.2022
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?