Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФЕДИОЛ: Во Европа има доволно сончогледово масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФЕДИОЛ: Во Европа има доволно сончогледово масло
Агровести

ФЕДИОЛ: Во Европа има доволно сончогледово масло

Објавено 05/05/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарот на сончогледово масло во ЕУ е стабилизиран во последните недели бидејќи производителите се приспособија на намалените залихи од Украина, а некои пратки сè уште пристигнуваат со железница и камиони, соопшти вчера Европската асоцијација на производители ФЕДИОЛ.

Украина е најголемиот снабдувач на сончогледово масло во ЕУ, но Европејците почнаа да акумулираат залихи поради руската инвазија, што доведе до недостиг низ синџирот на снабдување и зголемување на цените.

Меѓутоа, во исто време, пратки со семки од сончоглед и сончогледово масло почнаа да пристигнуваат од Украина, главно со железница и камиони, се вели во извештајот.

„Волуменот нема да ги достигне пратките кои пред почетокот на војната беа испраќани со бродови, но ја подобрува состојбата на пазарот и им помага на фабриките да ја задоволат побарувачката за сончогледово масло во ЕУ“, се вели во извештајот.

Официјалните бројки на ЕУ објавени во вторникот покажуваат дека помеѓу 27 февруари и 1 мај, 260.000 тони сончогледово масло биле увезени од Украина. Обично се увезуваат околу 200.000 тони месечно, соопшти ФЕДИОЛ на почетокот на март.

Подобрената понуда ги намали цените, а маслото од репка повеќе не се користи како замена, објаснуваат од здружението, пренесува МИА.

Оттаму напоменуваат дека „флашираното сончогледово масло денес е достапно во ЕУ поради што причината за празните полици во некои супермаркети треба да се бара на друго место“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зејтинфедиол
Претходен напис Променливото време и врнежите добредојдени за земјоделството
Следен напис (ВИДЕО) Земјоделката Кристина, од село Сопот, ги споделува придобивките од мерката „Рурална жена“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?