Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Природни методи на сузбивање на лисни вошки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Природни методи на сузбивање на лисни вошки
АгровестиСовети

Природни методи на сузбивање на лисни вошки

Објавено 02/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Благата зима и променливото време во текот на пролетта погодуваа за развојот на група растителни штетници – лисните вошки. Освен што ги цицаат растителните сокови од младите растенија, тие пренесуваат вируси кои предизвикуваат болести на овошките, зеленчукот и други култивирани растенија.

Бројот на третирања против лисни вошки зависи од интензитетот на нападот, а може да се направат над пет третмани во овоштарниците.

При контрола на штетниците од оваа група, овоштарите често наидуваат на отпорност на лисните вошки на пестициди. Причина за тоа може да биде тоа што видот не е идентификуван и не се преземени мерки во согласност со развојот и животниот циклус. Погрешен третман на примена или несоодветно средство е исто така една од причините. Ваквите пропусти доведуваат до појава на резистентност на штетниците, труење на животната средина и залудно потрошени финансиски средства. Некои лисни вошки лесно се сузбиваат, додека други можат да бидат проблематични.

Голем пропуст во борбата против нив може да биде несоодветното ѓубрење на овошките. Премногу азот ќе делува на интензивното формирање на млади растителни органи, што за штетниците делува како покана за гозба.

Различни инсектициди може да се користат за третирање на овошките, но тие мора да се ротираат во случај на повторена заштита (проверете ги регистрираните средства за заштита на растенијата во базата на податоци во FIS базата).

Природни методи на сузбивање

Од природните методи може да се користи сапуница од еко сапун за облека, препарати од разни растенија, пепел.

Најефикасни билки се лукот и црвениот кромид, камилицата, невенот, тутунот, чили пиперките.

Инсектицид од глуварче

За да го подготвите овој инсектицид ќе ви требаат свежи листови во количина од 400 гр и корен 200 гр или 30 гр сушен. Сечканите делови се преливаат со 10 л вода и се оставаат до 4 часа. Растворот се процедува и е подготвен за употреба.

Инсектицид од столисник

Ќе ви биде потребен 1 кг сув столисник, кој е најделотворен ако го собереме на почетокот на цветањето, бидејќи тогаш има најмногу делотворни материи. Прелејте го со 2 л топла вода да не е зовриена и оставете го следниот половина час. Потоа додадете уште вода за вкупната количина на течност да биде 10 л и оставете на темно место следните два дена.

Млеко и јод
Во 100 мл млеко потребно е да се додадат 25 до 30 капки јод и да се измеша. Смесата се додава во 1 л вода. Ова средство е ефикасно во борбата против лисните вошки, но не ги сузбива јајцата. Затоа, третманот треба да се повтори. Освен на овошните стебла, може да се нанесува и на зеленчук, украсни растенија, а особено е делотворен во заштитата на розите. Средството се применува веднаш штом ќе се направи и не може да стои.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Таг:лисни вошки
Претходен напис Субвенции за активен туризам: До 150.000 денари за една апликација за поддршка и подобрување
Следен напис Прв пат во Европа: Светски истражувачки конгрес за соја во Виена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?