Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Приказна која ќе ве воодушеви – Милан и Нада направиле куќа од слама за која не плаќаат ниту една сметка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Приказна која ќе ве воодушеви – Милан и Нада направиле куќа од слама за која не плаќаат ниту една сметка
Магазин

Приказна која ќе ве воодушеви – Милан и Нада направиле куќа од слама за која не плаќаат ниту една сметка

Објавено 03/05/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Приказната за брачниот пар Милан и Нада Ѓуповац, кои пред 5 години одлучиле во селото во околината на Шабац да изградат старинска и здрава куќа од слама и кал и таму од градот да се преселат со своите деца, ја воодушеви Србија, како и целиот регион.

Милан и Нада до пред пет години живееле во центарот на Шабац и имале свој стан. Велат дека многу им пречел градскиот живот, вревата, кафулињата и сообраќајот. Потоа дошле до идеја да изградат стара куќа во блиското село, по примерот на куќите што биле пред сто години – од кал и слама. Нада по професија е фармацевт, додека Милан е професор по физичко образование. Тие живеат во оваа куќа со уште три деца, а се вселиле во неа во 2018 година.

За нив овој тип на куќа е многу поздрав и сега живеат таму со своите деца. Многумина ги интересира како изгледа внатрешноста на оваа куќа.

Куќата има околу 120 метри квадратни и интересно е што целата куќа ја изградиле рачно овој брачен пар и нивните блиски пријатели. Нејзината изградба чинела дваесет илјади евра, а почнале да ја градат пред пет години.
Секој што ќе влезе во нивната куќа прво забележува дека во неа лесно се дише, а првиот впечаток е дека покрај тоа што е изградена од природни материјали, има и свеж воздух кој минува низ ѕидовите.

Се греат на дрва, сонцето им дава струја, а водата доаѓа од бунарите

Добиваат струја од сончевата енергија, преку соларни панели. Има и колектори за загревање на водата во болјерот. Водата им доаѓа од бунарот. Се греат на дрва, на печка налик на ракета, која е изградена по нацрти на организацијата „Узуме“ од Франција. Изолацијата е добра, а како што велат до средината на февруари годинава потрошиле само три метри кубни дрва. Немаат телевизор, но имаат компјутер и интернет. Храната ја подготвуваат во шпорет на дрва и на шпорет на гас.

Не плаќаат сметките бидејќи немаат сметки

-Не жалиме за градот. Но, на пример, кога користите соларни панели, не можете постојано да имате струја, односно не можете да вклучите десет уреди одеднаш. Неопходно е да направите распоред на активности, но тоа не ве чини ништо. Имаме и батерии кои акумулираат струја, па создаваме залихи и за 15 дена. Животот на село и во природа е пријатен, рано стануваме, а во зима легнуваме порано. Со таквиот начин на живот биолошкиот часовник се движи и се усогласува. Нормално е луѓето во градот да легнуваат подоцна бидејќи сè свети до полноќ и подолго – се согласуваат Милан и Нада, пренесуваат српските медиуми.

Дел од плацот од 11 хектари го посветиле на градината, а планираат да купат кокошки и една коза. Децата се навикнале на животот на село, на чист воздух, на престојот на имотот. Најстариот син оди во селско училиште. Нада вели дека целта им била да ги навикнат децата на природа, на шума, на здравје.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:калслама
Претходен напис Приклучна механизација: „Камелеонот“ може да ја промени формата – се користи за различни земјоделски операции
Следен напис Најмногу дожд наврна во Тетово и Пожаране, најмалку во Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?