Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Млад сточар: Знаењето е клучно за успех на младите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Млад сточар: Знаењето е клучно за успех на младите земјоделци
Сточарско производство

Млад сточар: Знаењето е клучно за успех на младите земјоделци

Објавено 29/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еволуцијата и специјализацијата на земјоделството, а особено предизвиците со кои се соочуваат микро, малите и средните земјоделски стопанства во руралните средини бараат соодветно ниво на техничка и економска обука. Оваа обука не само што треба да содржи технолошки и менаџерски вештини туку и претприемачки вештини.

Надлежностите на еден земјоделец треба да се поделат во три категории и тоа занаетчиство, управување и претприемништво.
Занаетчиството се однесува на знаењето и искуството за техничко ниво (во однос на производство и средствата за производство), менаџментот се однесува на уредување и организација на производствениот процес и претприемништвото се однесува на стратешки избори.

Во минатото развојот на знаењето се фокусирало на занаетчиството и управувањето, додека многу малку му се посветувало внимание на претприемништвото. Сепак во денешно време, општо прифатливо е дека развојот на претприемништвото е важно за да се овозможи општествено одговорно земјоделство. Умешноста во донесување на вистински деловни и инвестициски одлуки имаат влијание врз севкупната конкурентност на фармата.

Младите сточари не се свесни дека им треба специфично знаење за да ја водат нивната фарма. Секој млад сточар треба да биде желен да развие менаџерски вештини како што се маркетинг, финансии, комуникациски вештини, вмрежување, вештини поврзани со управување со ресурси и животна средина, вештини поврзани со подобрување на благосостојбата на животните, со што ќе оформат една своја сопствена сточарска стратегија со која ќе ја одржуваат својата фарма рентабилна. Голем проблем е што младите сточари не се секогаш свесни дека им се потребни сите овие различни видови на вештини. Многу млади сточари се навикнати да управуваат со својата фарма на традиционален начин и не гледаат потреба од промена водејќи се од тоа дека тие се сточари „по традиција“ и не сфаќаат зошто им се потребни дополнителни знаења.
Затоа треба да се направат напори за да се подигне свеста за потребата за знаење.

Здружение „Млад сточар

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:млад сточар
Претходен напис НФФ: Покрај интервентните мерки, да има и откуп за државните стоковни резерви
Следен напис Побрзаа да посеат сончоглед на угар – Во Франција се користат и почви со послаб квалитет
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?