Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Војната во Украина ќе предизвика најголем ценовен шок од 1970 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Војната во Украина ќе предизвика најголем ценовен шок од 1970 година
Агровести

Војната во Украина ќе предизвика најголем ценовен шок од 1970 година

Објавено 28/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Војната во Украина ќе го предизвика „најголемиот стоковен шок“ од 1970 година, објави Светската банка. Анализата предвидува дека нарушувањето поради војната во Украина ќе доведе до зголемување на цените на речиси сите производи – од гасот до житарките и памукот.

Зголемувањето на цените ќе има многу големи економски и хуманитарни последици и ќе доведе до огромни нарушувања, а домаќинствата ширум светот ќе ги почувствуваат, изјави за Би-Би-Си коавторот на извештајот Питер Најџел.

Анализата посочува дека енергенсите ќе поскапат за повеќе од 50 отсто, што во голема мера ќе ги зголеми сметките и на домаќинствата и на бизнисмените.

Најголемо поскапување се предвидува за потрошувачите на гас во Европа, кои годинава ќе плаќаат двојно повеќе за овој енергенс, а пад на цените се очекува следната и во 2024 година, но и тогаш гасот ќе биде најмалку 15 отсто поскап отколку во 2021 година.

Сведоци сме на најголемото двегодишно поскапување на енергенсите од 1973 година, кога цената на нафтата драстично се зголеми поради тензиите на Блискиот Исток, соопшти Светска банка.

Русија во моментов ја снабдува Европската Унија со 40 отсто гас и 27 отсто нафта, а одлуката на европските земји да се откажат од снабдувањето со руски енергенси доведе до значително зголемена побарувачка на други места и автоматски до зголемување на цените.

Светска банка предупредува дека цените на храната ќе бидат значително зголемени, а во податоците на Обединетите нации наведуваат дека индексот на цените на храната е највисок откако почнал да се спроведува пред 60 години.

Се предвидува дека поради недостиг на производи од Русија и Украина, пченицата ќе поскапи за 42,7 отсто, јачменот за 33,3 отсто, сојата за 20, маслото за 29,8 отсто и пилешкото месо за 41,8 отсто.

Украина и Русија пред оваа војна учествуваа во светскиот извоз на пченица со 28,9 отсто, а во извозот на сончогледово масло со дури 60 отсто.

Се додава дека недостатокот на пченица на светскиот пазар е најтешко да се компензира, особено што лошите временски услови во Северна Америка и Кина дополнително ќе ја влошат состојбата годинава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:цени
Претходен напис BASF престанува со работа во Русија и Белорусија – со одредени исклучоци
Следен напис Потсетување: 10 мај е крајниот рок за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?