Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките
Агровести

Николовски: Зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките

Објавено 20/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Воведен е Интервентен фонд во кој 40 проценти или рекордно во целиот регион како држава го покриваме вештачкото ѓубриво, што им е потребно на земјоделците, на фармерите, за сончоглед, за пченка, за јачмен и за пченица, за она што е стратешки за државата, со цел да го намалиме увозот и да го зголемиме домашното производство, информира при денешната посета на велешка „Маслодајна” министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

– Од вчера во функција е модулот за аплицирање за сите оние што набавиле вештачко ѓубриво и има зголемен интерес кај земјоделците во само еден ден да аплицираат во голем дел за мерките. Тоа значи дека набавиле ѓубриво тоа значи дека имаа фискални сметки и тоа значи дека вчера преку Подрачните единици на МЗШВ до Платежната агенција веќе ги доставуваат овие барања за исплата односно за повраток на 40 проценти од поддршката што Владата им ја дава за сончоглед и за останатите култури – појасни Николовски.

Тој информира дека кај сончогледот тоа значи 2500 денари покривања од државата по хектар за искористеното ѓубриво.

Земјоделците овие средства, информира, ќе ги добиваат неделно и нема да чекаат со месеци и наредна година.

– Кажавме до петок аплицирање, следниот петок исплата за сите оние што ќе аплицираат оваа недела – нагласи Николовски.

Според него, ние сме една од ретките земји што воведе и „Зелена нафта” за механизација, која кај сончогледот изнесува 2200 денари по хектар кофинансирање од државата за земјоделците.

Министерот Николовски наведе дека една од мерките е и навремено и предвремено да бидат пуштени системите за наводнување во земјава.

– Со гордост кажуваме дека оваа година направивме се со натчовечки напори и работа на вработените во А.Д. Водостопанство се со цел да бидат исчистени каналите и подготвени. Веќе во најголем дел системите за житни култури се во функција и секаде каде што е потребно на дневна основа МЗШВ и А.Д.Водостопанство работи на отстранување на пречки – изјави Николовски.

Тој нагласи дека оваа година е прва во која предвреме ги пуштаат системите за наводнување со цел за поголемо производство, за неопходните култури.

Нагласи дека целта на МЗШВ годинава е зголемување на домашното земјоделско производство.

Министерот Николовски посочи дека вовеле и дополнителна субвенција од 100 евра по хектар за сите оние кои ќе ги воведат сите агротехнички мерки, ќе искористат вештачко ѓубриво од државата, ќе добијат и Зелена нафта, а имаа на располагање и земјоделски површини во брзи постапки да ги стават во функција.

Им порача на земјоделците да ја искористат оваа година за производство на сончоглед и ако произведат повеќе од 1,5 тон, ќе добијат 100 евра по хектар.

– Денеска промовираме уште една мерка, секој ден нови мерки секој ден нови квалитети. За да не заврши домашното производство за извоз нашиот сончоглед од нашите ниви за којшто даваме најголема поддршка од целиот регион, туку да се предаде во домашните фабрики за масло со што ќе можат да произведуваат масло од сончоглед, воведуваме нова политика со која субвенциите коишто земјоделците ги добиваат ги обврзуваме да имаат доказ, дека целокупното произвоство го предале на домашните капацитети за призводство на домашно масло за јадење – појасни министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовски
Претходен напис Цената на бензините не се менува, поскапува само екстра лесното масло за домаќинство
Следен напис Времето денеска облачно со повремен локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?