Земјоделците да го искористат партнерскиот пакет за договорно производство на сончоглед, за она што било традиционално и што го имаме, да се стави во функција, апелираше денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
Тој соопшти дека Владата викендов ќе ја усвои одлуката за објавување на наменскиот оглас за доделување 6 000 хектари земјоделско земјиште за житни култури, пченка, сончоглед, пченица.
-Основната субвенција за хектар сончоглед е 15 000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2 500 денари од државата на неделна основа и 2 119 денари за „зелена нафта“. Секој, пак, што на еден хектар ќе направи принос од над 1,5 тон сончоглед ќе добие 100 евра. Тоа е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите зашто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети – подвлече Николовски.
