Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Фокусот на Владата е раст на економијата, енергетска транзиција и одржливо земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Фокусот на Владата е раст на економијата, енергетска транзиција и одржливо земјоделство
Агровести

Ковачевски: Фокусот на Владата е раст на економијата, енергетска транзиција и одржливо земјоделство

Објавено 14/04/2022
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Економскиот форум во организација на „Finance Think“, зборуваше за актуелната состојба во земјата предизвикана од глобалните промени кои се случуваат, за состојбата на буџетот, реализацијата на структурните економски реформи и приоритетите на Владата за ублажување на ефектите од ценовниот шок и одржување на ликвидноста на компаниите.

Во разговорот со Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“, премиерот Ковачевски подвлече дека целта на Владата во услови на најголемата глобална криза по Втората светска војна е да го ублажи ценовниот шок, да се задржи ликвидноста на компаниите, да го одржи буџетот и јавниот долг стабилен, да се остваруваат обврските на државата во поглед на редовна исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, како и да се преземат мерки за економски раст и нови инвестиции и во време на криза.

„Оваа Влада подготвено ги дочека глобалните потреси и навремено реагиравме со ефикасни антикризни мерки, дополнително планираме и на среден и долг рок. Она што си го зададовме како цел уште во 2021 година знаејќи дека 2022 година ќе биде година на енергетска криза беа заштита на животниот стандард на граѓаните од енергетската и економска криза, економски раст и зголемување на капиталните инвестиции“, истакна премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека првиот приоритет се однесува на задржување на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите, вториот се однесува на продолжување на програмите за раст на производството, на извозот, на раст на стопанската активност во државата и третото на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок.

Во однос на првата цел, посочи Ковачевски, уште во 2021 година беа донесени мерките за намалување на ДДВ на електричната енергија, а при конципирањето на буџетот за 2022 година беа определени резерви од 132 милиони евра во буџетот со цел да може да се одржува ликвидноста на електро-енергетскиот систем во државата и да не се дозволи ценовен шок за граѓаните.

„Според Стратегија за енергетската транзиција ние веќе имаме јасна слика каде ќе се движи нашето производство на електрична енергија. Пред 10 дена ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј, 10 мегавати како државна инвестиција, помогната од ЕБОР. На истиот локалитет веќе се планирани и ќе отпочнат со градба уште две фотоволтаични централи од по 50 мегавати, кои што ќе бидат изработени врз основа на концептот на јавно приватно партнерство со компании од Турција и Бугарија и уште една 10 мегавати која што ќе биде во сопственост на ЕСМ. Северна Македонија практично ќе замени 120 мегавати работата на од јаглен со 120 мегавати моќност на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија и тоа е прв пример во Југоисточна Европа“, нагласи Ковачевски и додаде дека се големи очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во 2 фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи кои се квалификуваа во првата фаза.

На прашање на организаторите, премиерот Ковачевски се осврна и на актуелниот миг во производството на храна и субвенциите во земјоделството и потенцираше дека во изминатите пет години има инвестиции околу 650 милиони евра.

„Оваа криза нé научи дека мора да се инвестира стратешки. Затоа веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Исто така во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансни износи на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени субвенциите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво“, потенцираше претседателот на Владата Ковачевски на дебатата во организација на „Finance Think“.

Премиерот Ковачевски на трибината истакна дека и во овие услови на изразена економска криза континуитетот на трендот на раст на просечната и на минималната плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата. Во јануари 2022 година исплатената нето-плата по вработен, изнесува 29.980 денари. Минималната плата е зголемена на 18.000 денари, а пензиите доживеаја историски највисок раст. Со новите методологии кои Владата ги утврди и за платите и за пензиите, тие ќе продолжат континуирано да растат, рече Ковачевски и додаде дека во моментот имаме најниска стапка на невработеност во државата од 15,2%.

„Сите досегашни зголемувања и на пензиите и на минималната плата се остварија низ дијалог во којшто учествуваа сите синдикати, и репрезентативниот, но на мое инсистирање присуствуваа и нерепрезентативните синдикати и со сите нив разговаравме дека зголемувањето на платите треба да се направи низ процес на реформи. Разговараме за три аспекти, едниот е зголемување нормално согласно растот на животниот стандард, согласно растот на минималната плата и согласно инфлацијата“, истакна Ковачевски.

Во однос на одржливоста на буџетот, рече претседателот на Владата, тој е креиран согласно стапките за раст кои што беа планирани во 2021 година за 2022 година и од кој некаде околу 615 милиони евра се инвестирани за поддршка на мерките за директни издатоци за најранливите категории на граѓани, за поддршка на компаниите и за одржување на ликвидноста на енергетскиот сектор.

„Она што е најважно е дека буџетот е ликвиден, дека фискалната политика е координирана на неделно ниво со монетарната политика, со Министерството за финансии, со гувернерката на Народната банка на Северна Македонија-НБРМ, сé со цел и финансиската политика да биде одржлива, а монетарната политика да биде прудентна во однос на сите економски движења во државата. Сите исплати во буџетот се одвиваат непречено, без никакви застои, пензиите и другите основни обврски кои ги има буџетот се исплаќаат и предвремено“, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на Економски форум во организација на „Finance Think“.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:буџетЗемјоделствоковачевскисубвенции
Претходен напис Домашните потрошувачи сакаат јагнешко, но не знаат дека меѓу најквалитетните е месото од нашата автохтона „Праменка Овчеполка“
Следен напис Српската влада дозволи извоз на храна од органско потекло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?