Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дебата: За излез од кризата е неопходно производството на храна да биде одржливо и да се сменат куповните навики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дебата: За излез од кризата е неопходно производството на храна да биде одржливо и да се сменат куповните навики
Агровести

Дебата: За излез од кризата е неопходно производството на храна да биде одржливо и да се сменат куповните навики

Објавено 11/04/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во овој период на криза, недостигаат ѓубрива, семенски материјал, горива, пестициди и други суровини чија цена континуирано се зголемува. Производите поскапуваат, зашто се купува храна од паника. Ваквата реалност ја наметнува потребата од донесување итни, ургентни мерки со цел ублажување и надминување на последиците, порачаа учесниците на 10. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој.

Според нив, КОВИД-пандемијата претходно, а сега и кризата што ја наметна руско-украинскиот конфликт кризата, покажаа дека системот за производство на храна мора да се трансформира во одржлив, но треба да се сменат и навиките на купување – храната да не се фрла и правилно да се складира.

-Добро е да видиме кои биле проблемите и пред кризата. КОВИД-от ја покажа ранливоста и на нашите системи за храна, покажа дека може многу лесно да се нарушат. Во пандемијата, синџирот имаше проблем со работници, карантини на вработени, промени во побарувањата, навиките, транспортот, логистиката. Производителите мораа да ги прилагодат своите пракси кон санитарните и мерките за хигиена. Но, по завршувањето на пандемијата, сега се соочуваме со поголем предизвик – војната во Украина. Имаме големи скратувања, цените се качуваат зашто се купува храна од паника, рече шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Штефен Худолин.

Тој посебно укажа на фрлањето храна во светски рамки, а на земјава и порача да се прилагоди на скратените набавки што ги наметна кризата, како и да направи подобри системи – профитабилни за земјоделците и корисни за граѓаните.

Словачкиот амбасадор Хенрик Маркуш, пак, се осврна на т.н. економска дипломатија. Тој ја пофали земјава дека одлично го сфатила значењето на овој концепт.

-Концептот на економска дипломатија, воведен во последната декада, Северна Македонија многу добро го разбра и почна многу иницијативи и проекти во овој правец. Во време на криза оваа дисциплина добива ново ниво на значење. Економската дипломатија мора да го пренасочи фокусот и да му помогне на земјоделскиот сектор да ја преживее кризата, земјоделците да продолжат со своите мисии и да обезбедуваат основни производи за живот, рече амбасадорот.

Пред присутните претходно се обрати и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, порачувајќи уште еднаш дека Владата презема интервентни мерки и дека се прават максимални напори за ублажување на ситуацијата со кризата.

-Ниту една обработлива површина нема да остане незасеана, а храна и житни култури мора да има, подвлече Николовски.

Според експерите, во моментов нема простор за посериозна интервенција. Треба да се нормализира увозот на пченица и масло од Србија.

-Руско-украинскиот конфликт нема да има некоја посериозна улога, но ќе влијание индиректно, врз порастот на цените на земјоделско-прехранбените производи. Во овој момент, нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот од Србија, како што е најавено, пред се на пченицата и на сончогледовото масло за јадење. За на среден и подолг рок ќе треба да се направат сериозни анализи и стратегија за храна, како и програма за функционирање на целиот систем во услови на криза, велат експертите, изјави професорот од Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски.

Тој смета дека државата ќе треба посериозно да интервенира за да се замени сегашниот увоз кој е сериозен, со домашно производство.

Осврнувајќи се на моделите во светските истражувачки центри, Димитриевски посочи дека критична ќе биде 2022 година во однос на порастот на цените, а потоа се очекува да се намали ценовниот удар.

-Тешко дека маслото за јадење ќе се врати на нивото пред кризата. Веројатно ќе биде на половина – меѓу она што беше претходно и она што е сега, рече Димитриевски.

Домаќин на сесијата на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој е Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кризахрана
Претходен напис Николовски: Ниту една обработлива површина нема да остане незасеана, храна и житни култури мора да има
Следен напис Министерот Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?