Отворивме нова фабрика за сточна храна која дополнително го развива македонскиот исток и аграр.
УНИ АГРО е успешна приказна и уште еден капитален проект финансиран преку #ИПАРД програмата на #МЗШВ.

Вредноста на инвестицијата е 106.3 милиони денари, од кои 51.8 милиони денари се кофинансирани преку ИПАРД.

Горд сум што во 2018 година бев дел од ставањето на камен темелник а денес сум повторно тука, на нивниот роденден кога започнува со работа фабриката за сточна храна.


Им честитам на Ненад и Дарко, млади и успешни сопственици, за храброста и визионерството.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

