Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превентивно се повлекуваат неколку серии од „Киндер“ производите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превентивно се повлекуваат неколку серии од „Киндер“ производите
Агровести

Превентивно се повлекуваат неколку серии од „Киндер“ производите

Објавено 06/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна Атлантик траде ДОО Скопје, увозник на производите од компанијата ,,ФЕРЕРО“. Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од „Киндер“ производите.

Согласно нивното известување, од пазарот, во земјава се повлекуваат сериите производи чиј рок на употреба истекува на 03.10.2022 година, 23.08.2022 година, 02.06.2022 година, 07.07.2022 година, 15.07.2022 година, 11.06.2022 година, 11.06.2022 година и 30.06.2022 година.

АХВ доби и нотификацијата од Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската Унија, со која се алармира дека на пазарот во земјава е пласиран сомнителен чоколаден производ од овој производител.

Врз основа на извршената инспекциска контрола, на компанијата увозник издадено и е решение со кое се забранува промет на призводи Киндер со лот L006LtB-NR, L330RtB-MJ, L2923RtDKX, L328RtD-M,L336RZD-MU, L302RO3, L321RO3. На операторот му е издадена и наредба да изврши отповикување на наведените лотови од производот и повлекување на количините кои се пласирани на пазарот.

Потврда за итно, превентивно повлекување од пазарот на производи од овој бренд до АХВ прати и компанијата увозник која извести дека од пазарот се повлекува производoт 260320 Kinder Schokobons G125x16, серија L321R03, со рок на траење 30.06.2022 година, серија L302R03, со рок на траење 11.06.2022 година, од производителот Ferrero Ardennes S.A., rue Pietro Ferrero 5, 6700 Арлон, Белгија.

АХВ ги известува потрошувачите кои го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:ахв
Претходен напис Арсовски: Владата е максимално насочена кон обезбедување пласман на земјоделските производи кои се извезуваа во Русија и Украина
Следен напис Fruit Logistica 2022: Фокус на меѓународната трговија со овошје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?