Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски од Берлин: Ја продлабочуваме регионалната соработка, ги спроведуваме реформите и усогласувањата на земјоделските политики со ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски од Берлин: Ја продлабочуваме регионалната соработка, ги спроведуваме реформите и усогласувањата на земјоделските политики со ЕУ
Агровести

Николовски од Берлин: Ја продлабочуваме регионалната соработка, ги спроведуваме реформите и усогласувањата на земјоделските политики со ЕУ

Објавено 05/04/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На покана на германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Љупчо Николовски, учествуваше на министерската Конференција во Берлин која е во рамките на Берлинскиот процес и Дијалогот за земјоделска политика меѓу Германија и Западен Балкан.

Во своето обраќање на конференцијата, министерот Николовски посочи дека Северна Македонија континуирано и посветено работи на спроведувањето на реформите и усогласување на земјоделските политиките со Европската Унија. На конференцијата министрите од Западен Балкан и претставниците од меѓународните организации дискутираа како заеднички да се надмине овој период на глобална економска криза и моменталниот геополитички контекст, потенцирајќи дека заеднички ќе работат на имплементација на 5-те столба утврдени во Зелената агенда за Западен Балкан.

„Република Северна Македонија активно учествува и придонесува во градењето на меѓусебната доверба и во развојот на добрососедската и регионалната соработка на земјите од Западен Балкан и нивната интеграција во Европската Унија. Земјоделството е важен сектор во Северна Македонија и трет по големина по услугите и индустријата. Придонесува со околу 15 отсто во БДП вклучувајќи ја и преработувачката индустрија и околу 20 отсто во вработеноста. Германскиот министер Џем Оздемир не увери дека ЕУ ќе ја даде потребната поддршка за земјите од Западен Балкан. Како држава членка денес инициравме проширување на функциите на работната група со цел организацијата да ја преземе улогата на регионален спроведувач на политиките и да ја преземе клучната улога во проектите кои ќе дадат видливи резултати и придобивки и за земјоделците и за руралните бизниси – директно и индиректно“, изјави министерот Николовски.

Министерот потенцираше дека Северна Македонија навреме презема мерки за намалување на негативните последици од економската криза врз земјоделството. На иницијатива на министерството, а со цел да се намалат последиците од новите нарушувања на меѓународниот пазар на земјоделски производи, е подготвен „Национален план за производство на храна“ кои содржи сет мерки за поддршка на производството на храна преку зголемена финансиска поддршка на поледелските култури за пролетна и есенска сеидба, програма за распределба на земјоделско земјиште за производство на житни култури, интервентен фонд, како и дополнителни мерки преку донесување Стратегија за производство на храна и стратешки култури во 2022 година. Овој нов сет мерки за финансиска поддршка во земјоделството ќе придонесе за ублажување на последиците предизвикани од зголемените трошоци на растително производство, употреба на ѓубрива и други трошоци за земјоделско производство.

Дополнително на конференцијата, министерот Николовски посочи дека министерството води долгорочна политика за поддршка на земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија, преку национални субвенции и преку проекти поддржани од ЕУ, ФАО, Светска банка и други меѓународни организации и билатерални партнери како и многу проекти преку ИПА/ИПАРД програмите во земјоделскиот сектор со средствата од ЕУ кои се 100% реализирани. Исто така, континуирано се приближува националното законодавство од областа на земјоделството кон законодавството на ЕУ.

На министерската конференција учествуваа сите министри од регионот, претседавач беше германскиот министер за храна и земјоделство, Џем Оздемир, а копретседавач беше генералниот секретар на Постојаната работна група за регионален рурален развој во Југоисточна Европа (SWG) Бобан Илиќ.

Министерот Николовски во рамки на Министерската Конференција го посети и меѓународниот саем посветен на свежи производи „FRUIT LOGISTICA“.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:Николовски
Претходен напис Утре нè очекува потопло време, во четврток дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Трговците бараат Украина да го олесни извозот на пченица, има големи залихи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?