Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Нема проблем вo снабдувањето и производството на масло за јадење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Нема проблем вo снабдувањето и производството на масло за јадење
Агровести

Бектеши: Нема проблем вo снабдувањето и производството на масло за јадење

Објавено 05/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во земјава нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење. Редовно сме во комуникација со трите наши домашни производители на масло за јадење и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки со цел да го ублажиме притисокот во делот на зголемување на цените, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Нагласи дека има одредени покачувања на малопродажните цени на маслото за јадење заради зголемувањето на цените на суровото масло на берзите.

– За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители – рече Бектеши, во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека согласно податоците што ги добиваат од производителите на масло за јадење, тие имаат соодветни резерви и редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со масло за јадење.

– Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки – прецизира Бектеши.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешимасло за јадење
Претходен напис И покрај зголемувањето, водостојот на Охридското Езеро е за 12 сантиметри понизок од просекот за април
Следен напис (ФОТО) Под ова „море од пластика“ големо колку 50.000 фудбалски игралишта, се одгледуваат домати, пиперки, краставици и лубеници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?