Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трговците од Струмичко наоѓаат нови пазари за пласман на пролетната зелка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трговците од Струмичко наоѓаат нови пазари за пласман на пролетната зелка
Агровести

Трговците од Струмичко наоѓаат нови пазари за пласман на пролетната зелка

Објавено 04/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руско-украинската криза ги натера струмичките трговци да наоѓаат нови пазари за пласман на пролетната зелка, бидејќи на овие два пазари, посебно на украинскиот се пласираше околу 40 отсто од вкупното производство.

Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фрут”, лани во истиот период за Украина дневно заминувале 30 до 40 камиони, а сега најмногу до 5.

-На почетокот на откупот интерес за зелката има од романскиот и полскиот пазар, потоа пласираме на поранешните југословенски простори и дел во ЕУ. Има интерес во нордиските земји, но таму се бараат анализи и „Глобал гап” сертификат, односно дека станува збор за контролирано производство од семка до берба – рече Витанов.

Пролетната зелка се откупува по 25 денари за килограм. Производителите се задоволни, но велат дека е рано да се дава оценка што ќе се случува со откупот на оваа градинарска култура.

-Од почетната откупна цена од 25 денари за килограм сме задоволни. Доколку до крајот не падне под 20 денари и се обезбеди пласман, тогаш можеме да кажеме дека ќе имаме успешна сезона – вели производителот Бончо Божиков од селото Дабиле.

Додава дека шпицот на бербата се очекува за една недела и тогаш ќе се знае како ќе тече откупот.

Инаку, во Струмичкиот регион годинава се зголемени површините со пролетна зелка за околу 20 отсто во споредба со лани и годинава се очекува принос од 60 илјади тони што е за 10 илјади повеќе од 2021 година.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зелкаструмичко
Претходен напис Дел од реките со зголемен водостој во однос на априлскиот просек
Следен напис Бензините поевтинуваат за 2,5 денари, дизелот за 1,5 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?