Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Кичевско најголеми површини пролетва ќе бидат засеани со пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Кичевско најголеми површини пролетва ќе бидат засеани со пченка
Агровести

Во Кичевско најголеми површини пролетва ќе бидат засеани со пченка

Објавено 28/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Кичевско наскоро ќе започне пролетната сеидба за која земјоделците ги подготвија обработливите површини, а најголеми површини ќе бидат засеани со пченка, вкупно 728 хектари. Покрај пченката, на големи површини ќе бидат застапени и градинарските култури на 315 хектари и компирот на 255 хектари.

-За пролетната сеидба во нашата општина се подготвени 1105, 5 хектари под ораници, а  најзастапени култури ќе бидат пченката на 728 хектари, од кои 720 хектари ќе бидат засеани од индивидуалните земјоделци, додека осум хектари од земјоделски претпријатија, рече раководителот на Подрачното одделение, Снежана Софрониевска.

Таа посочи дека на второ место на оваа листа листа се градинарските култури, кои ќе бидат засадени на 315 хектари од кои пет хектари од земјоделски претпријатија и 310 хектари од индивидуални земјоделци.

Потенцира дека и компирот ќе биде застапен на поголема површина и тоа 255 хектари, од кои пет хектари засадени од земјоделски претпријатија и 250 хектари од индивидуални земјоделци. Таа ги наброја и останатите пролетни култури кои ќе бидат застапени во овој регион.

– Од градинарските култури застапени ќе бидат доматот на 25 хектари, кај индивидуалните земјоделци и  пиперката на 35 хектари, додека фуражните култури и луцерката ќе бидат застапени на по 31 хектар од кои по еден хектар ќе им припаднат на земјоделските претпријатија, додека преостанатите површини се на индивидуалните земјоделци, истакна Софрониевска за МИА.

Од пролетните житни култури ќе биде засеан и овес на 8,5 хектари.

Потсети дека обезбедена е доволна количина на семенски материјал, како и вештачко ѓубре и најави дека количините на т.н. зелена нафта што ќе ја добијат земјоделските производители за наредна година ќе биде двојно поголема.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:засеаниКичевскопролетвапченка
Претходен напис Зајакнува соработката на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за економија
Следен напис (ВИДЕО) Марјан и Фросина од Лозово ја започнаа новата реколта на органска пиперка: Подготовката на расадот е во тек
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?