Саботното попладне го поминавме со земјоделците од Штип и околината.
Преку непосредни средби директно ги канализираме активностите на АФПЗРР и МЗШВ.
Вчера беа исплатени субвенциите за поледелски култури за над 24.000 корисници. Финансиската поддршка која е одвоена за оваа цел е во висина од над 450 милиони денари.
Оваа поддршка е во вистински момент кога полјоделците се во екот на припремите за пролетната сеидба. Дополнително преку Интервентниот фонд којшто го креираше МЗШВ ќе се овозможи финансирање на набавка на ѓубрива за прихрана на пченицата, јачменот, пченката, сончогледот и оризот.
Производството на храна во овие кризни времиња е врвен приоритет за државата. Затоа сите човечки и институционални ресурси ќе бидат ставени во функција за надминување на сите предизвици.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР

