Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Вучиќ: Владата донесе одлука за испорака на пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорачаме и на Северна Македонија според договорот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Вучиќ: Владата донесе одлука за испорака на пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорачаме и на Северна Македонија според договорот
Агровести

Вучиќ: Владата донесе одлука за испорака на пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорачаме и на Северна Македонија според договорот

Објавено 24/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе и биде испорачано и на Сверна Македонија,

Бидејќи во Албанија не можат да примат 35.000 тони пченка, според Вучиќ, еден дел останува во складиште во српските магацини.

-Тие се од Отворен Балкан, а барања добивме и од Северна Македонија. Ќе испорачаме се во согласност со договорот. А потоа ќе доставиме до БиХ и Црна Гора. Добивме барања од БиХ за количини поголеми за 6.000 тони отколку за целата измината година. Но, мислам дека тоа нема да биде посебен проблем за нас, кажа Вучиќ за ТВ Пинк.

Вучиќ истакна дека Србија има доволно пченица, пченка, сончогледови семенки, масло и посочи дека сега сите од Србија бараат поголеми количества пченица и пченка.

-Сите бараат поголеми количества пченица и пченка, иако имаат помалку жители, поради одливот на граѓани. Тие бараат и сончогледови семенки и сончогледово масло. Денеска ги имавме првите разговори, а сега ќе имаме средба во Јастребац бидејќи откривме три договори кои се антидатирани (пред забраната за извоз), со накнадно зголемена количина на шеќер и брашно, а во тоа учествуваа наши и странски компани, објасни тој.

Во регионот владее побарување за српска пченица и пченка, поради што на дело се злоупотреби и фалсификување на постоечките договори, пишува Блиц.

Вучиќ на прашањето на весникот што се случува со фалсификувањето на претходно потпишаните договори за извоз, изјави дека „измамниците ќе мора да одат во затвор“.

-Сите земји од регионот бараат од Србија поголеми количества пченица и пченка отколку што потрошиле минатата година. Само земјите од регионот и Италија бараат итна испорака на околу 400.000 тони пченица. За која количина станува збор можеби најдобро се гледа кога ќе се знае дека вкупните резерви на пченица на нашата земја во моментов изнесуваат 800.000 тони. Кога станува збор за пченката, регионот бара итна испорака од 690.000 тони, а нашите резерви во моментов се милион тони, иззјави Вучиќ.

Претседателот на Србија затоа побара од премиерката Ана Брнабиќ, министерот за внатрешни работи Александар Вулин и безбедоносната агенција БИА да се позанимаваат со контролата на антидатирањето на договорите кои беа потпишани претходно.

Според соопштенито на српската Влада, на денeшната „седница беше усвоен и Заклучок со кој се одобрува извоз на меркантилна пченица и меркантилна пченка на правни лица кои ги извезуваат овие производи во Република Албанија, врз основа на договори склучени пред влегувањето во сила на Одлуката за привремена забрана за извоз на основни земјоделски прехранбени производи

Извор – Либертас.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:пченкасрбија
Претходен напис Дали преполовената пролетна сеидба во Украина ќе доведе до невидена миграциска криза?
Следен напис Од полноќ повторно зголемување на цените на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?