Со оваа исплата започнува реализацијата на финансиска поддршка која ја обезбедивме за сите пензионери во време на криза.
По дополнителни 1000 денари на својата сметка ќе добива секој пензионер за март, април и мај.
Оваа парична поддршка, заедно со рекордното покачување на пезниите и новата методологија се влог во поквалитетен живот на највозрасните граѓани.
Фејсбук статус на Димитар Ковачевски – Претседател на Владата на Република Северна Македонија
