Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски за Телма : Интервентниот фонд ќе се проширува со нови мерки, подготвен е план со мерки за зголемено производство на пченица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски за Телма : Интервентниот фонд ќе се проширува со нови мерки, подготвен е план со мерки за зголемено производство на пченица
Агровести

Николовски за Телма : Интервентниот фонд ќе се проширува со нови мерки, подготвен е план со мерки за зголемено производство на пченица

Објавено 18/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се прави план за проширување на Програмата за интервентен фонд со нови мерки, со цел да се опфатат и другите земјоделски сектори на кој им е потребна помош во оваа светска криза, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во вечерашната емисија Топ Тема на Телма.

„Сите барања на земјоделците ќе бидат земени предвид. Се планира проширување на интервентниот фонд со дополнителни мерки за говедарство, живинарство и за други земјоделски гранки кадешто е потребна помош. Субвенциите за трите мерки за набавка на вештачки ѓубрива, за предадени јагниња и гоеници во кланични капацитети ќе бидат исплатени до 30-ти јуни годинава.  Ги следиме состојбите и навремено ги преземаме сите потребни мерки за земјоделците да имаат помали трошоци, одржливо производство, да има стабилност на пазарот на храна“, рече министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски посочи дека веќе е подготвен план со мерки на среден и на долг рок за зголемување на домашното производство на пченица.

„Доколку го зголемиме производството за 500 килограми по хектар, тоа се 30 илјади тони годишно и целта ни е на долг рок да станеме увозно независни. Имаме пораст на домашното производство од 195.000 тони  во 2017 година на 253.000 тони минатата година, со што значително се намалува увозот на пченица. И оваа оваа година во планот за есенската сеидба немаме намалување на заесенаите површини со пченица. Проценките на коморите се дека е потребен увоз на околу 50 илјади тони пченица до жетвата за два месеца и тие ќе бидат обезбедени. Очекуваме производството да биде околу 255 илјади тони, а потребите се околу 300 илјади, со што повторно се намалува делот што го увезуваме“ рече Николовски.

Министерот Николовски изјави дека секоја педа земјоделско земјиште ќе биде ставено во функција на зголемување на домашното производство на житарици. Дополнително, со цел да се излезе во пресрет на земјоделците,  следната недела Платежната агенција ќе ги исплати субвенциите за поледелски култури.

Во однос на пласманот на земјоделските производи, министерот Николовски посочи дека се мобилизирани сите сектори во министерството но и дипломатско конзуларните претставништва, со кои денеска имаше состанок и беше разговарано за изнаоѓање на алтернативни пазари за производите што се извезуваат во Украина и Русија, но и за набавка на  вештачки ѓубрива.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дополнителни меркимзшвсубвенции
Претходен напис Николовски во вторник на средба со Недимовиќ, очекува „зелено светло“ за испорака на српско жито во земјава
Следен напис Следната недела Платежната агенција ќе исплати субвенции за полјоделските култури за 22.000 баратели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?