Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Растат цените на свињите и свинското месо во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Растат цените на свињите и свинското месо во ЕУ
Пазари

Растат цените на свињите и свинското месо во ЕУ

Објавено 18/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Наглиот пораст на цените на свинското месо е сосема нова ситуација за сите учесници на пазарот, коментираат аналитичарите од Германското здружение за одгледување свињи (ISN). Тоа не е случај само во Германија. Котациите вртоглаво растат во сите земји членки на ЕУ, пренесува Аgrarheute.

Дополнителен скок предизвика конфликтот во Украина и зголемувањето на производствените трошоци, пред сѐ на енергентите и добиточната храна.

Во многу земји, намалувањето на производството е комбинирано со поголема побарувачка поради ублажување на мерките за корона вирусот и поволните временски услови за подготовка на храна на отворено – популарната скара.

Во неделниот извештај на Германското здружение на производители се наведува дека се забележуваат силни скокови на цените за вкупно 43 центи по килограм свинско месо за само две недели.

За периодот од 17 до 23 март, Здружението на организации на производители за сточарство и месна индустрија (VEZG) ја соопштиле цената на свинското месо од 1,85 евра. Посочуваат дека растат за 10 центи во однос на претходната котација, а сегашниот опсег им е меѓу 1,85 и 1,95 евра за килограм.

Бројот од 224.000 свињи регистрирани за ставање во промет повторно е значително помал во однос на претходната недела кога беа регистрирани 229.000 свињи, што е уште една причина за растот.

Цената на прасиња од 25 килограми за периодот од 14 до 20 март изнесувал 55 евра по грло, што е за 13 евра повисока од претходната недела, а се очекува и натамошен нагорен тренд.

Кога станува збор за грлата за колење, во периодот од 17 до 23 март изнесувала 1,20 евра за килограм. Во однос на претходната недела, просечната цена пораснала за дополнителни 10 центи.

Распонот на вредности се движи меѓу 1,20 и 1,25 евра и продолжува да покажува тренд на раст.

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
РЦФ со 500 илјади евра грант поддржува проект за паметна обука во преработката на производи од млеко и месо
Повеќе од 700 свињи угинале на фарма во Хесен: Некои угинале дури и пред да избувне катастрофалниот пожар?
СУБВЕНЦИИ за предадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети, за 2026 година
МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
Таг:месосвинско месосвињи
Претходен напис Зголемен водостојот на Охридското Езеро
Следен напис Намалена видливост поради магла на Ѓавато и Стража и на патот Лисец-Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?