Министерот Љупчо Николовски присуствуваше на засадувањето на 400 години старата винова лоза „жаметна чрнина” („модра кавчина”) и македонската автохтона сорта „станушина” со што, симболично, беа одбележани 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија.

„На мое големо задоволство присуствував на свеченото засадување на најстарата словенечка винова лоза, по повод 30 години од воспоставување на дипломатски односи на нашата држава со Република Словенија. Со подарувањето и засадувањето на најстарата словенечка винова лоза, Словенија ја потврдува нејзината политичка, економска и културна поддршка, како и пријателските односи кон Република Северна Македонија.

Огромна благодарност за оваа укажана чест, се надевам на што повеќе вакви пријателски настани.
Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија. Најдоброто време да се засади дрво е пред 20 години – второто најдобро време е сега.“, изјави Николовски по повод настанот.

