Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засадувањето на „модра кавчина“ и „станушина“, симбол за пријателството на Македонија и Словенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Засадувањето на „модра кавчина“ и „станушина“, симбол за пријателството на Македонија и Словенија
Агровести

Засадувањето на „модра кавчина“ и „станушина“, симбол за пријателството на Македонија и Словенија

Објавено 17/03/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје денеска беа засадени 400 години старата винова лоза „жаметна чрнина” („модра кавчина”) и македонската автохтона сорта „станушина” со што, симболично, беа одбележани 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија.

На засадувањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот словенечки колега Алеш Хојс, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” Никола Јанкуловски, словенечкиот амбасадор Милан Предан и директорот на Институтот Виктор Ѓамовски.

Присутен беше и агрономот Станислав Кочутар од Марибор, кој е чувар заштитник на „модра кавчина” која се смета за најстарата лоза на светот.

Како што беше речено во обраќањата пред чинот на засадувањето, двете лози, „модра кавчина” и „станушина”, ќе останат симбол и сведоштво за долгогодишната соработка и пријателството меѓу двете земји.

-Засадувањето на најстарата словенечка лоза и нашата автохтона сорта „станушина” има силна симболика со која сакаме да ја потврдиме и уште повеќе да ја развиеме нашата досегашна соработка во сите општествени сфери. Од особена важност е партнертсвото во чувањето на биодиверзитетот, развојот на зелената економија и одговорното користење на природните ресурси, истакна ректорот Јанкуловски.

Директорот на Институтот, Ѓамовски рече дека пријателите никогаш не се оставаат сами.

-Затоа, друштво на „жаметна чрнина” ќе и прави најстарата македонска авотхтона сорта „станушина”. Двете лози ќе бидат жив споменик на македонско-словенечкото пријателство кое ќе биде преточено во македонско-словенечко вино, истакна Ѓамовски.

Словенечкиот министер Хојс во оваа прилика потенцира дека неговата земја останува голем поддржувач и партнер на Македонија.

-Бевме прва држава која отвори своја амбасада тука и меѓу првите три земји кои ја признаа независноста на Македонија. Нашите дипломатски односи покажаа дека нитките кои беа скинати при распадот на Југославија може повторно да бидат воспоставени на сосема други основи, истакна Хојс.

Неговиот македонски колега, министерот Спасовски, го апострофираше фактот дека токму Словенија беше и остана доследен и лојален партнер на нашиот европски и евроатлантски пат.

-Немам дилема дека така ќе биде и во времето пред нас, посебно во контекст на нашето полноправно асоцирање во ЕУ каде Словенија е кредибилен фактор и наш поддржувач. Одбележуваме значаен датум. Да покажеме не само на просторот на поранешната држава, туку и пошироко, како може кога постојат добра волја и низа заеднички интереси, соработката да се интензивира, одржува, негува и продлабочува . Сите овие години како држави споделуваме исти вредности, а и денес не е ништо поинаку, подвлече Спасовски.

Тој се осврна и на соработката во доменот на полицијата, напоменувајќи дека е заедничка борбата против организираниот криминал, корупцијата и недозволената трговија зашто клучна е, како што рече, безбедноста и сигурноста на граѓаните.

-По големиот мигрантски грант, последниве години словенечките колеги заедно со македонската полиција интензивно работат на заштита и превенција на нашата јужна граница. Нашата билатерална соработка и соработката на мултилатерално ниво е силен доказ и влог да продолжиме таму каде што стигнавме и во годините пред нас да ја динамизирме и продлабочиме соработката, истакна министерот Спасовски.

„Жаметна чрнина” е најстарата винова лоза во светот и тоа е потврдено уште во 1972 година. Се смета дека лозата датира од 1450-та година. Во 2004 година била запишана и во Гинисовата книга на рекорди. Во 1959 година Марибор почнал да им дели калеми на збратимените градови низ светот поради што лозата денес е застапена низ целиот свет, од Австралија до Јапонија, преку Шпанија и Аргентина.

Со калемот што беше денеска дониран, Скопје се вброи меѓу градовите како Рим, Париз, Берлин, Лондон, Будимпешта, Љубљана, Виена,….

Настанот по повод засадувањето на двете лози беше збогатен со настап на хорот „Франец Прешерн” кој ги изведе македонската и словенечката химна.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:станушина
Претходен напис РКЕ и денеска ќе носи одлука за цената на горивата
Следен напис Министерот Николовски: Најдоброто време да се засади дрво е пред 20 години – второто најдобро време е сега
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?