Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Олександр Журавел од Украина: Нема откажување, пролетната сеидба ќе ја направиме секаде каде што е можно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Олександр Журавел од Украина: Нема откажување, пролетната сеидба ќе ја направиме секаде каде што е можно
Магазин

Олександр Журавел од Украина: Нема откажување, пролетната сеидба ќе ја направиме секаде каде што е можно

Објавено 15/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Секаде каде што е можно, ќе сееме и ќе садиме“, ја потврдува Олександр Журавел решеноста на украинските земјоделци да помогнат во одбраната на земјата со обезбедување доволно храна. Овој сопственик на семејна фарма, но и висок советник на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), живее во малото гратче Хлобине, во близина на неговиот роден град Кременчук. Станува збор за централна Украина, покрај реката Днепар, на половина пат помеѓу Харков и Киев, градови кои денеска се на удар.

Иако оваа област досега не е зафатена од воените дејствија, поради воздушните напади на руските сили, крајно е опасно да се движи по автопатот што води од овој град, па снабдувањето со суровини е отежнато. Дополнително, голем проблем за целата држава се затворените поморски пристаништа со најголем промет на стоки.

No photo description available.
Олександр Журавел/Facebook

„Првиот најголем проблем е недостигот на гориво. Луѓето подготвија семиња и ѓубрива оваа есен и зима, така што има доволно. Второто прашање е што ќе биде со заштитната опрема, дали ќе можеме да набавиме хербициди, инсектициди“, опишува Олександар во телефонски разговор со редакцијата на Agroklub за ситуацијата на теренот.

Третиот голем проблем што ги мачи е ликвидноста, односно парите. Многу земјоделци сеидбата ја започнувале со помош на кредити, што денес е невозможно, бидејќи поради ризикот сите сакаат готовинско плаќање.

Подготовки за сеидба, надеж за жетва

„Сигурно нема да биде лесно и има стравови, но ние сме подготвени да направиме сѐ што можеме во моментов. Се подготвуваме за пролетна сеидба и се надеваме дека ќе успееме да ја завршиме жетвата“, вели Журавел, кој одгледува на сопствените четири хектари аспарагус.

Покрај оваа градинарска култура што ја произведува на својата фарма, во Хлобине, изнајмил и 1.000 хектари земја за да се посее со пченка, пролетна пченица, соја, а дел со цвеќе. Кога станува збор за зимските култури, тој гордо вели дека успеале да ги прихранат со азотни ѓубрива.

На Фејсбук ја отвориле и групата „Агри дискусионски клуб“ на Фејсбук, осмислена како заедница на луѓе вклучени во украинското земјоделство.

„Сите сме различни, но амбициозни и се стремиме кон знаење. Знаеме и дека секоја промена во светот или земјата започнува од нас самите“, е мотото на групата.

Извор: Agroklub

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Украина
Претходен напис Русија привремено го забрани извозот на житарки во земјите од ЕАЕУ и извозот на шеќер во сите земји
Следен напис Српско Министерство за земјоделство: Испорака на договорената пченица во регионот во најкраток рок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?