Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 програма, со првиот повик годинава обезбедени 35 милиони евра за нашите земјоделци и агробизнисмени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 програма, со првиот повик годинава обезбедени 35 милиони евра за нашите земјоделци и агробизнисмени
АгровестиФондови

Николовски: Европската комисија ја усвои новата ИПАРД 3 програма, со првиот повик годинава обезбедени 35 милиони евра за нашите земјоделци и агробизнисмени

Објавено 12/03/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Северна Македонија. Ова е нова Програма, со нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. ЕК ја препознава нашата посветеност за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД програма. Буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2 – изјави на прес конференција министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и објасни во кои сектори ќе бидат искористени овие средства.

-И со ИПАРД 3 Програмата ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој очекувам да се објави во последниот квартал од годинава:

1.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ – мерка која беше дел од ИПАРД 2 но не беше акредитирана и која ќе биде од голема помош за локалната самоуправа. Конкретно, преку оваа мерка општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Ова е особено важно за подобрување на животот во руралните средини но и генерално за руралниот развој.  

Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ.

Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи. Со мерката „Спроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап“ ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. Поддршката за функционирање на ЛАГ-вите е важна од аспект за развој на руралните средини.

За земјоделците е важно да знаат како да ги користат мерките од ИПАРД, за имаме уште поголема искористеност на европските фондови. Затоа во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на  советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично – инормираше Николовски.

Тој додаде дека министерството, односно администрацијата воведе новитети се со цел да се олесни и забрза процесот на повлекување на парите од ИПАРД 3.

-Ги поедноставивме административните процедури, со што двојно се скрати времето за склучување на договорите, односно од 12 на 6 месеци. И успеавме да бидеме лидери во регионот по искористеност на ИПАРД. Досега се склучени  2270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој еден корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот. На пример ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60% односно 60.000 евра, со што корисникот ќе може авансно да земе 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција.

Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво – посочи Николовски.

Министерот Николовски ИПАРД 3 го најави од посетата на компанијата „БАКО“ , уште една успешна ИПАРД приказна.

-Компаниите и земјоделците ги препознаваат придобивките од ИПАРД. Денеска сме во посета на компанијата „БАКО“, што е уште една успешна ИПАРД приказна. Оваа компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството. Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари – рече Николовски. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ипардмзшвсубвенции
Претходен напис Николовски: Компаниите од агросекторот ги препознаваат придобивките од мерките од ИПАРД програмата
Следен напис СО новата ИПАРД 3 програма (2021-2027) инвестирајте во овоштарници, лозја, градинарски култури, житарици и индустриски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?