Денеска во Виница ги потпишавме договорите за финансиска поддршка со 4 нови корисници на ИПАРД програмата.
Со поддршка од ИПАРД во висина од 65% од вкупните предвидени инвестиции, добитниците ќе набават пчеларска опрема и опрема за производство на мед и други пчелни производи, а воедно ќе се поддржи и инвестиција за започнување на сопствен козметички бизнис.

Европските средства од ИПАРД бележат огромен процент на искористеност. Досега поддржани се 2270 проекти со инвестиции вредни 70 милиони евра.
Фондот се управува транспарентно и професионално што го прави достапен до сите – од најмалите до најголемите корисници од сите региони на државата.

Модернизацијата на земјоделската механизација, инвестициите во преработка на земјоделските производи и поддршката за микро и мали бизниси во руралните средини останува главен фокус и за новиот програмски период ИПАРД III.
Им честитам на добитниците и ги охрабрувам сите заинтересирани да ги следат добрите примери и да ги преточат своите идеи во проекти кои ќе бидат финансирани од ИПАРД програмата и АФПЗРР.

Фејсбук-статус на Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
