Подготвуваме нов Закон за вино усогласен со европските регулативи. На денешниот состанок со работната група за вино од МЗШВ, ги дискутиравме планираните нови законски одредби кои имаат за цел развој на лозарството како една од стратешките извозно ориентирани гранки.
Со новиот закон ги насочуваме лозарите и винарниците да се вмрежуваат во организации за заеднички да се договараат за производството на грозје, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на грозје и вино, сигурен пласман и зголемени цени на грозје и вино.

Преку формирање на вински региони се усогласува пристапот за заштита на вината со географски назив согласно европските регулативи, што ќе значи подобар квалитет на грозје и вино.
Консултациите за новото законско решение ги продолжуваме со лозарите. Наша цел е заеднички да подготвиме нов Закон за вино од којшто бенефит ќе имаат и лозарите и винарниците, со единствена цел македонското вино да биде уште поконкурентно на странските пазари.
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски
