Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица
Агровести

Засега нема пазарни нарушувања и потреба од активирање на државните резерви пченица

Објавено 11/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во моментов нема поголемо нарушување на пазарот, поради што нема ниту потреба од активирање на државни резерви пченица, рече денеска државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Како што посочи Димковски, движењето на цените се следи, но и се работи на динамичен план преку стопанските комори.

-Нема потреба од активирање на резервите, имаме доволно пченица во млиновите, а планот на кој работиме со коморите во наредните денови ќе го доставиме до српската Влада и во тој дел ќе продолжиме со разговорите со цел редовно снабдување, истакна советникот на прес-конференција откако претходно министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека од денеска почнува забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Димковски информира дека интензивно се разгледуваат и други мерки за поддршка: 25 отсто субвенција на вештачките ѓубрива кои се главни во прихранување на посевите, пред сѐ на пченицата и јачменот, зголемување на поддршката за „зелена нафта“ ако продолжат да поскапуваат бензините, а калкулацијата ќе се направи во април, како и обезбедување финансиска поддршка за складирање на пченицата за што трошоците на земјоделците ќе бидат покриени.

-Моментно има и 7.000 хекатри државно земјоделско земјиште кое набргу ќе биде објавено на повик. Земјоделците ќе може да аплицираат, но со назнака дека земјиштето треба да е наменето за производство на пченица и јачмен, односно за поледелски култури – рече Димковски.

Веќе е разговарано, дополни, и за промена на одреден модел кај стоковните резерви.

-Кога зборуваме за гарантиран откуп, зборуваме за договорно производство. Ги охрабруваме производителите и откупувачите врската меѓу нив во овој сегмент да ја засилат, да биде уште појака. Но, во пазарна економија не може да најдете загарантирана цена. Ние ја следиме призводната цена и врз основа на неа интервенираме за да го задржиме нашето производство – објасни државниот советникот во МЗШВ, Трајан Димковски, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Таг:државни резерви
Претходен напис Бектеши: Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, државните резерви се полни
Следен напис Бектеши од понеделник очекува поевтинување на горивата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?